Петре Шилегов, по мај мината година кај народот познат и како Камај Камај, денеска беше во посета на Брвеница. За потсетување, за време на немилите настани од 9 мај во Диво Насеље, Шилегов се шегуваше на својот Фејсбук профил, пост кој налути многумина и не остана незаборавен.Портпаролот на најголемата опозициска партија која претендира да дојде на власт, тогаш напиша:
„Како мал не му давале да си игра #камај, па сега мора тоа да го изживее.
Не знам дали му кажале, дека во #камај имаше и еден термин кога ќе те фатат.
Тогаш на фатениот му се се викаше #жив…”
Шилегов тогаш се исмеа со полицајците кои ја бранат државата.
Ова негово шегување, денеска не остана неказнето од граѓаните на Брвеница.
Имено, Шилегов бил избркан од страна на жителите и локалните дуќани во Брвеница, па тој морал да се крие во земјоделска аптека која е во сопственост на член на СДСМ.
За потсетување, во немилите кумановски настани Брвеница изгуби двајца македонски синови, а четворица од осуммината загинати припадници на безбедносните сили во акцијата во Диво Насеље беа токму од шестата изборна единица.Портпаролот на најголемата опозициска партија која претендира да дојде на власт, тогаш напиша: