Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на социјалната мрежа Фејсбук сподели видео од реализирано ветување дадено пред граѓаните за реконструкција на регионален пат. Тој информира и за низата инфраструктурни проекти кои се спроведуваат во моментов, како изградбата на автопатите посочувајќи дека инвестициите за подобар живот на граѓаните ќе продолжат.-Пред една година започнавме да го реконструираме регионалниот пат што го ветивме пред жителите и што ги поврзува Дојран и Николиќ. За таа цел инвестиравме 1 милион и 150 илјади евра. Овој пат беше барање на жителите и тоа беше забележано при една од моите посети. Ние не ги заборавивме граѓаните. Денес, една година потоа, имаме целосно обновен пат од Дојран до Николиќ во должина од 6 километри. Сега жителите ќе можат непречено да ги остваруваат своите потреби и да возат по нов и безбеден пат. Инаку, во моментот вкупните вложувања во овој дел од Македонија, само во автопатишта, се околу 225 милиони евра. Во тек е изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица која треба да заврши идната година. Во тек е реконструкција на автопатската делница Смоквица -Гевгелија, а се отпочнува и со реконструкција на автопатот Неготино – Демир Капија. инвестиција од 5 милиони евра. Инвестициите ќе продолжат. Ова се зафати кои се важни како за жителите од овие населени места, така и за целата држава и економскиот развој. Ќе направиме уште многу нови работи за подобар живот на граѓаните, пишува Груевски на социјалната мрежа Фејсбук.
-Пред една година започнавме да го реконструираме регионалниот пат што го ветивме пред жителите и што ги поврзува Дојран и Николиќ. За таа цел инве