Доколку денес навистина во Општина Струмица, градоначалникот, за потребите на својата кампања ги собрал сите вработени во општинските институции за да снимат партиски изборни спотови, во работно време, Министерството за информатичко општество и администрација најостро го осудува ваквото однесување. Жалосно е што граѓаните биле оневозможени да си ги остварат своите права затоа што вработените снимале партиски кампањи, се вели во соопштението на МИОА.Интегрално соопштение на МИОА
Додека денеска на прес конференција дополнителниот заменик на министер во Министерството за информатичко општество и администрација од редовите на СДСМ држеше прес конференција на која се закануваше со кривични пријави за шефовите кои вршат притисок на административците, стигаат информации дека неговиот партиски шеф во работно време со административни службеници снимал рекламни спотови за партиска предизборна кампања.
Доколку ова навистина се случило, се надеваме дека Кирацовски ќе го одржи зборот кој го даде пред камери и ќе поднесе кривична пријава. Ги повикуваме надлежните институции веднаш да го документираат и да го расчистат овој случај, односно истиот да заврши со дисциплински постапки за вработените доколку сами на своја рака и доброволно дошле на снимањето, односно кривични пријави доколку за тоа им е вршен партиски притисок.
Администрацијата не смее и не може да биде статист во рекламните спотови на политичките партии, туку треба да биде вистински сервис на граѓаните.Интегрално соопштение на МИОА
Додека денеска на прес конференција дополнителниот заменик на министер во Министерството за