Нови 200 работни места ќе се отворат со новата фабрика на домашната компанија ФПЦ Технопласт, која денеска го постави камен темелникот во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје.Станува збор за инвестиција во износ од 10 милиони евра. Целокупното производство, според најавите, ќе се извезува и вградува во автомобилските брендови БМВ, Ауди и Рено.
На поставувањето на камен-темелникот присуствуваа претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
ФПЦ Технопласт произведува пластични компоненети за автомобилската, електричната и електронската индустрија.
Компанијата е фирма-ќерка на компанијата „Тетепласт” која функционира во Македонија скоро 20 години и своето производство, пред се, го наменува за странскиот пазар.Станува збор за инвестиција во износ од 10 милиони евра. Целокупното производство, според најавите, ќе се извезува и вградува во автомобилскит