четврток, 12 ноември 2026
Најново

Технички проекти за мини фарми

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Сточарите кои сакаат да изградат нови фарми или да ги прилагодат старите според европските стандарди за две недели ќе можат да користат без парична надокнада, готови технички проекти за нивна изградба. Типските фарми ќе користат за одреден број животни.За прилогодување на македонското земјоделство и за производството на храна според стандардите на Европската Унија се изготвува документација  за типски мини фарми.
Сточарите ќе имаат на располагање бесплатни технички проекти со целосни пресметки за формата и за изгледот на идната или за реконструкција на постоечката фарма.
Мини фармите ќе имаат капацитет за одгледување од 10 од 20 маторици, за 30 до 50 глави говеда и за 10, 20 и 30 молзни крави.
За ситниот добиток се предвидени објекти за 100 и за 300 овци или кози.
Целта е да се зголемат приходите на одгледувачите на добиток и пподобри снабдувањето на пазарот со месо и млеко со примена на европските стандарди.За прилогодување на македонското земјоделство и за производството на храна според стандардите на Европската Унија се изготвува документација 

Поврзани вести