Бездушници: Крадат торби полни со хуманитарна помош!

Според зборовите на волонтерите и луѓето кои привремено се сместени во белградската Арена, крадците однеле храна, облека, средства за хигиена…Во белградската Арена, каде што моментално се сместени илјадници жители на Обреновац, се` повеќе се појавуваат крадци кои ја крадат хуманитарната помош од напатениот народ. Имено, според зборовите на волонтерите и луѓето кои се сместени во ова прифатилиште, крадците однеле полни торби со храна, облека и средства за хигиена. Жителка на Обреновац, Кристијана Алиќ, вели дека со свои очи видела дечко како краде хуманитарна помош.
„Пред два дена дојде еден дечко со две празни торби. И двете до горе ги наполни со работи и тргна кон излезот. Меѓутоа, волонтерите видоа што направи и веднаш го сопреа. Му ги одземаа торбите, ги симнаа маските и ракавиците и го однесоа некаде. Потоа ни беше кажано да внимаваме каде ги оставаме нашите работи“, вели Кристијана.

 
Идентификација
Миланка Мариќ (58) од Обреновац, исто така сместена во Арената, вели дека кражбите во последните денови се зачестени и поради тоа сите добиле бели ливчиња со име и презиме.
„Тие ливчиња сега мораме да ги покажуваме кога влегуваме и излегуваме, за да не се случи некој да влезе преку измама. Ни посочија да водиме сметка каде ги оставаме нашите работи и дека секогаш би требало некој да стои покрај нив и да ги чува. Не знам зошто некои луѓе го прават ова. Имаме големи маки, па уште и треба некој да краде од нас“, вели Миланка.
Во белградската Арена, каде што моментално се сместени илјадници жители на Обреновац, се` повеќе се појавуваат крадци кои ја крадат хуманитарната п

Пронајдете не на следниве мрежи: