Реакција на АД ЕЛЕМ во врска со Соопштението на СДСМ околу проектите за ТЕЦ ОсломејАД ЕЛЕМ веќе ги спроведува проектите што СДСМ ги најавува за ТЕЦ Осломеј.
СДСМ продолжува да најавува и да копира проекти од областа на енергетиката на кои АД ЕЛЕМ согласно својата развојна програма посветено работи во моментов, како и во изминатите години. Зборува за продолжување на животниот век на ТЕЦ Осломеј, преку искористување на јагленовите резерви на локалитетот Поповјани без вистински анализи и без да ги согледа реалните состојби на терен. Она што зачудува е со каква леснотија во интерес на собирањето политички поени најавуваат спас за овој важен енергетски капацитет за Република Македонија, со оглед на тоа што пред десет години ја оставија термоелектраната во катастрофална состојба и без ниту еден килограм јаглен поради неможноста да се користат јагленовите резерви од рудникот Осломеј Запад. СДСМ од ним познати причини не кажува дека за отворање рудник кај локалитетот Поповјани постои сериозна пречка поради отпорот на локалното население. Да не беше тој проблем, досега рудникот ќе беше отворен и експолатиран од страна на АД ЕЛЕМ.
За компанијата, еден од врвните приоритети е продолжување на животниот век на ТЕЦ Осломеј. Активностите за модернизација на термоелектраната се почнати уште пред три години со почетокот на изработката на Фисибилити студијата која ги даде прецизните насоки според кои треба да се модернизира термоелектраната. Пред еден месец, АД ЕЛЕМ одржа јавна расправа во Кичево за Студијата за оценка на влијанието врз животната средина токму посветена на проектот за модернизација на Осломеј, а во моментов се прибираат забелешки и сугестии од сите засегнати страни. Меѓу главните придобивки од проектот за модернизација на ТЕ Осломеј е зголемување на ефикасноста на термоблокот и намалување на емисиите на јаглерод диоксид, SOx, NOx и прашина со што овој производствен капацитет во целост ќе ги исполни строгите ЕУ директиви за дозволени емисии.
Вистината е дека АД ЕЛЕМ во континуитет ја спроведува програмата за модернизација и ревитализација на постојните електрани при што особен акцент посветува на заштита на животната средина. Во ТЕЦ Осломеј, само во изминатите седум години се преземени редица мерки за намалување на емисиите на штетни честички што се јавуваат како последица на производството на електрична енергија. Термоелектраната која е изградена пред повеќе од три децении користи електростатски филтер за одвојување на крупни честички од котелот при процесот на согорување на јагленот. Овој заштитен механизам е модернизиран во период од 2008 до 2012 година и сега функционира во автоматски режим. Променети се емисионите електроди со што коефициентот на прочистување на честичките изнесува 98,5 проценти. За тој инвестициски зафат АД ЕЛЕМ вложи 423.850 евра сопствени средства. ТЕЦ Осломеј и надлежните институции вршат континуирани мерења на квалитетот на амбиенталниот воздух на две локации во околината на Комбинатот преку целата година, и резултатите покажуваат дека тие се во рамките на законски пропишаните граници.
Во август 2012 година пуштен во употреба е транспортен систем за водено складирање на пепелта во РЕК „Осломеј“. Со овој значаен еколошки проект, Комбинатот трајно го реши проблемот со одлагање на лебдечката пепел од термоелектраната „Осломеј“ во депресиите на рудникот Осломеј Исток и во целост ги задоволи строгите законски прописи од областа на екологијата и заштитата на животната средина. Со овој проект е решен проблем кој три децении им создавал непријатности на локалното население што гравитира околу РЕК Осломеј. Станува збор за реализација на еден од највредните инвестициски зафати на АД „Електрани на Македонија“ од областа на екологијата, во износ од 4,7 милиони евра што значително го подобри квалитетот на животната средина во реонот што гравитира околу термоелектричната централа.
Исто така, не е точно дека оваа оваа термоелектрична централа не работи со години. Таа се вклучува во електроенергетскиот систем според потребите на домаќинствата и останатите потрошувачи кои се на регулираниот пазар за електрична енергија и со таа динамика ќе продолжи и во наредниот период.АД ЕЛЕМ веќе ги спроведува проектите што СДСМ ги најавува за ТЕЦ Осломеј.
СДСМ продолжува да најавува и да копира проекти од областа на ене