Невиден срам: Хуманитарната помош се препродава на белградските пазари!!!

Синиша Мали-градоначалникот на Белград денеска нареди вонредна контрола на сите градски пазари поради информација дека на некои од нив се продава робата за хуманитарната помош.„Оние кои ја злоупотребуваат хуманитарната помош и се обидуваат да профитираат на тој начин, ќе бидат процесуирани“, вели Мали на седницата на Штабот за вонредни состојби во Белград. 
Синиша наложи комуналната полиција, инспекциите и директорот на јавното комунално претпријатие „Градски пазар“ да спроведат контрола.
На седницата беа анализирани и прашањата за сите градски општини и опасноста од појава на лизгање на земјиштето и запрашување против комарци.

 
Директорот на јавното претпријатие „Београдоводе“ Милош Миловановиќ изјави дека главниот град е целосно безбеден на сите одбрамбени линии, затоа што водостојот на Дунав стагнира на 630 сантиметри, а во недела ќе достигне најмногу на 635 сантиметри. 
Исто, така истакна дека граѓаните лизгањето на земјиштето можат да го пријават во „Беоком сервис“.
 
Градскиот секретар за заштита на животната средина Горан Триван изјави на состанокот дека запрашувањето од воздух против комарците ќе почне утре и ќе се одвива и во сабота, додека запрашувањето од земја е веќе во тек.  „Оние кои ја злоупотребуваат хуманитарната помош и се обидуваат да профитираат на тој начин, ќе бидат процесуирани“, вели Мали на седни

Пронајдете не на следниве мрежи: