четврток, 12 ноември 2026
Најново

Арсовска Томовска: Опозицијата ја спомнува администрацијата само пред избори

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Изминатиот период некои политичари зборуваат дека ако дојдат на власт ќе бркаат луѓе од јавниот сектор. Дали е тоа можно и каква е штетата од овие изјави? На оваа тема во Отвореното студио на ТВ Нова зборуваше Министерката за информатичко општество и администрација Марта А. Томовска.-Политичарите треба да бидат многу внимателни кога даваат вакви изјави, тие можат да им се вратат како бумеранг. Тоа што владата го има како заложба е да изградиме професионален сервис. Секоја калкулација со вработените во администрацијата е штетна, и политички е штетна. Ако кажете дека ќе ги избркате, практично врз себе го земате гневот на вработените, затоа што тоа им е гола егзистенција. Ако се обратите кон оние што се невработени тие ќе имаат надеж дека другите ќе ги избркате од работа, за тие да влезат на нивното место. Страшно е тоа што опозицијата за администрацијата зборува само пред избори, не слушнавме ниту еден конструктивен предлог, од избори на избори имаме изјави што служат за политички маркетинг и ја сведуваат администрацијата на голи бројки. Се трча по гласови и по освојување на симпатиите. Невкусно е на вработените да се гледа како бројки во штабските калкулации, рече Томовска.-Политичарите треба да бидат многу внимателни кога даваат вакви изјави, тие можат да им се вратат како бумеранг. Тоа што владата го има како

Поврзани вести