Семејството Панчевски е жртва на политички притисоци од локалната власт во Општина Центар предводена од Андреј Жерновски. Токму Жерновски му порачал на семејството Панчевски дека објектот мора да се сруши поради „повисоки цели“ и наредбата за рушење доаѓа од „повисоко ниво“.Сопствениците на објектот на улица „Никола Вапцаров“ бр.6, во центарот на Скопје, меѓу кои е и претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, денеска самите започнаа со рушење на изградената надградба. Според адвокатот на инвеститорите, тие решиле објектот да го вратат во првобитна состојба како пред издадените одобренија од општина Центар. Правниот застапник вели дека неговите клиенти се жртви на постапувањето од општината и додаде дека се чека решението на второстепена комисија за да се види кој е во право.
-Одлучивме како семејство да се руши и пред да ги добиеме одлуките од второстепена комисија поради засилениот медиумски притисок и секојдневни закани на општинската власт, бидејќи ни беше страв дека градоначалникот ќе ја реализира заканата со секојдневни агресивни реакции по медиуми во врска со објектот, велат од семејството Панчевски.
Тие додаваат дека сега рушат се’ за што општинската власт издала легални одобренија, бидејќи се заканиле дека во некаква кратка постапка ќе рушат, а роковите за второстепена комисија да одлучи се долги и одлуката е неизвесна.
– Секојдневно веќе цела недела нашето семејство трпи штета по угледот и имотните права, бидејќи од власта во општината ни се ограничи основното Уставно загарантирано право на сопственост изграден во 1928 година. Направена е проценка на тоа што се руши како штета, по добивање на одлуката од второстепената комисија ќе биде поведена соодветна судска постапка, велат од семејството Панчевски.
На 26 октомври градежната инспекторка Н.И. од Центар утврди дека фамилијата Панчевски без дозвола доградиле два спрата од зградата која е нивна сопственост. Веднаш штом изби аферата, Панчевски изјави дека ова е притисок од градоначалникот Жерновски врз него како претседател на судот во намера да се издејствуваат пресуди какви што посакува СЈО, а чија продолжена рака е Жерновски.
Веднаш по тоа, семејството Панчевски поднесе и кривична пријава до обвинителството против инпекторката која го донесе решението за уривање.
-Пријавената Н.И. тенденциозно и намерно по усна наредба на претпоставениот раководител на сектор за инспекциски работи при Општина Центар, К.С. од Скопје кој во договор и согласност на градоначалникот на општината, поради политички притисок кон еден од соинвеститорите на објект во градба за кој се добиени правосилни одобренија за реконструкција, а едно одобрение е во постапка на издавање, а заради повисоки цели на политичките партии кои ги претставуваат, пријавената со искористување на својата службена должност и со пречекорување на границите на своето службено овластување потешко ги повредила правата на оштетениот и други инвеститори на објектот, стои во кривичната пријава од семејството Панчевски до инспекторката.
Ваквото незаконско и тенденциозно постапување на пријавената, се вели во кривичната пријава се надополнува и со притисокот кој лицето Д.С, го врши врз оштетениот во текот на месец октомври на начин што како овластено лице за спроведување на налози за извршување при отстапување од градба во општина Центар, повеќекратно усно му се заканува на оштетениот дека ако самиот не пристапи кон отстранување на отстапувањето од градба, во секој момент ќе пристапи кон присилно извршување, а без притоа за истото да постои правосилна законска основа, односно без да биде издаден налог за рушење од страна на градоначалникот.
Од сето ова произлегува дека главна цел на притисокот е претседателот на Кривичниот суд, а другите членови на семејството кои се јавуваат како со инвеститори се колатерална штета. Објектот е семејно наследство на три лица.Сопствениците на објектот на улица „Никола Вапцаров“ бр.6, во центарот на Скопје, меѓу кои е и претседателот на Основниот суд Скопје 1,