Дарежлив гест: Кинезите во Србија донирале преку 8,5 милиони евра!

– Нас Кинезите во Србија не` има „како кал“. Моравме да се организираме и да помогнеме во оваа ситуација. Акцијата започна во неделата, кога сопствениците на скоро сите кинески бутици во Белград донираа храна, вода, облека и обувки во вредност од преку милијарда динари, вели еден од иницијаторите на оваа дарежлива акција, Гуо Сјао.„Ние Кинезите од се` срце и помагаме на Србија“, е називот на акцијата која беше покрената од сопствениците на кинеските продавници ширум Србија, со цел да им помогнат на луѓето на кои поплавата им ги уништи домовите.
Иако помошта која сопствениците на 120 кинески фирми во Србија ја собраа во роба и храна е импозантна, тука тие не застанаа со нивната хуманост, туку во понеделникот тргнаа со собирање на парични средства.
„Покрај акцијата за собирање на храна и работи за загрозените луѓе, во понеделникот се собравме пред трговскиот центар во Блок 70 и започнавме да собираме пари. Веќе првиот ден собравме три милиони динари. Тие не беа донирани само од сопствениците на продавниците, туку и од сите Кинези во Србија, а прилог од 2.000 долари даде и нашата амбасада“, вели тој.
Првобитно беше планирано акцијата да трае до среда, но кога видовме колкави се размерите на трагедиите, одлучивме да ја продолжиме до петок – додаде Сјао.„Ние Кинезите од се` срце и помагаме на Србија“, е називот на акцијата која беше покрената од сопствениците на кинеските продавници шир

Пронајдете не на следниве мрежи: