Јанева се постави како адвокат на обвинетите во „Пуч“- го нападна судот, ги брани сторителите

Судското рочиште за случајот „Пуч“ денеска повторно е одложено на неопределено време, бидејќи двајца нови поротници немале безбедносни сертификати. Обвинителката Катица Јанева во судницата се постави како адвокат на обвинитите кои се товарат за „шпионажа“ и „насилство кон државни функционери“ и го нападна судот.Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се обидуваше да направи драма во судницата викајќи и на судијката Љубинка Башевска и негодувајќи ја одложување на рочиштето. Јанева повишувајќи го тонот бурно реагираше на тоа зошто рочиштето се одложува една година, притоа заборавајќи дека истото беше одложувано и на нејзино барање.
 
-Цела година нè малтретирате. На што личи ова. Како не ви е срам? – повторуваше Јанева обраќајќи ѝ се на судијката со повишен тон.
Башевска ја опомена Јанева дека го нарушува мирот во судницата и дека може да биде казнета.
– Обвинителката Катица Јанева, без Судот да ѝ даде збор, продолжува да го нарушува редот во судницата. Обвинителката продолжува со навреди. На записник точно се опишани причините поради кои се одложува денешната расправа – рече Башевска.
За потсетување, Јанева бараше одложување на „Пуч“ поради свадбата на нејзината ќерка. Рочиштата во неколку наврати беа одложувани и поради обврските на обвинетиот Зоран Заев, што поради средби со амбасадори, што поради патувања.
Бурна реакција на одложувањето на судското рочиште следеше и од Зоран Верушевски. Првообвинетиот во „Пуч“ Верушевски на барање на Јанева беше ослободен од притвор за што неговата сопруга Соња Верушевска, исто така обвинета во случајот, преку социјалните мрежи му се заблагодаруваше на Заев.
Предметот „Пуч“ во којшто е четвртообвинет е лидерот на СДСМ Зоран Заев го отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а потоа го презеде Специјалното јавно обвинителство, бидејќи е поврзан со незаконското прислушување.
Првообвинет е Зоран Верушевски, а обвинети се и неговата сопруга Соња Верушевска, Ѓорѓи Лазаревски вработен во МВР и Бранко Палифров, функционер во општина Струмица.Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се обидуваше да направи драма во судницата викајќи и на судијката Љубинка Башевска и негодувајќи ја од

Пронајдете не на следниве мрежи: