Заев и Ахмети ги бараат албанските гласови со двојазичност и редефинирање на државата

Лидерот на СДСМ Зоран Заев најави двојазичност низ цела Македонија и јавно признава дека на тој начин очекува албански гласачи за СДСМ. Во трката по албанските гласови, партијата на Али Ахмети, ДУИ, ветува поголеми права за Албанците во Македонија.Заев и Ахмети стануваат ривали во борба за албанските гласачи во пресрет на изборите закажани за 11-ти декември.
Додека овие двајца партиски лидери се во жестока битка за додворување на Албанците, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски заради заштита на националните интереси, бара 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ.
На Заев и Ахмети воопшто не им е грижа за интересите на македонскиот народ, па почнаа со него срамно да лицитираат со речиси поклопени агенди.
Нивните планови за иднината на Македонија се доста слични, но сепак Ахмети го предупреди лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, дека нема право да ги бара гласовите на Албанците.
Ахмети промовираше пет заклетви како дел од својот план, а дел од нив Заев веќе ги антиципираше и им ги нудеше на Албанците во замена за нивните гласови.

Ахмети: Македонците ќе бидат малцинство – Или целосна еднаквост или нема Влада
Во говорот на Ахмети не изостанаа радикалните пораки зборувајќи за однесувањето кон Албанците во Македонија.
– Ќе дојде време кога Албанците ќе се борат против некоја неправда што му е направена на Македонец, кога Македонците ќе бидат малцинство. Убеден сум дека тоа време ќе дојде,  рече лидерот на ДУИ.
Тој испрати порака дека нема да прифатат ништо помалку од целосна еднаквост, консензуално одлучување, албански јазик да биде официјален во целата држава…
Уште пред Ахмети овие најави, македонската јавност ги слушна од Зоран Заев. Тој рече дека ќе ја направи двојазична цела Македонија, договара и преговара за федерализација на земјата, а огромен број пати докажа дека македонските национални интереси се нешто за што тој е подготвен да се пазари.

Само ДУИ и СДСМ сакаат двојазична Македонија
Јавноста се крена на нозе по најавите на Зоран Заев дека секој град во Македонија ќе биде двојазичен. Албанскиот јазик, Заев сака да го прогласи за официјален на цела територија. Ваквите најави започна да ги спроведува и сам, поставувајќи табли испишани на албански јазик во партиските седишта на СДСМ во скопски населби. Двојазична Македонија е интересот и на Али Ахмети, кој тоа јавно го бара и најавува. Но, граѓаните на Република Македонија јасно и гласно порачуваат дека нема да го дозволат тоа.
Заев ќе ја редефинира Македонија, Ахмети бара консензус за СЕ
Ахмети со изборната платформа всушност на мала врата најави проширување и надградба на Рамковниот договор, односно преку проширувањето на консензуалното одлучување и издигнувањето на албанскиот како втор службен јазик во цела Македонија лидерот на ДУИ бара промена на системот. Во спротивно, од ДУИ го повторија ставот даден за „Дневник“ во пресрет на изборите што требаше да се одржат на 5 јуни дека и да победат на изборите, нема да бидат дел од Владата доколку за победничката македонска партија е неприфатлива нивната платформа. Ахмети сака бинационална држава, а од македонскиот блок ги дели интересите и плановите со Зоран Заев кој го најави токму ова велејќи дека е време за редефинирање на Македонија.
 
Траен мандат на СЈО, Јанева да им води кампањи
Али Ахмети испрати порака дека специјалното јавно обвинителство треба да има траен мандат и СДСМ да не ги чепка гласовите на Албанците бидејќи ништо не сторил кога на Албанците им било најтешко. Да може Јанева со неограничен мандат да работи е најголема желба и на Зоран Заев. Нејзините настапи повеќе наликуваат на партиски прес-конференции од Бихаќка, па таа им ја води кампањата на СДСМ, во нивен недостаток на програма. СЈО е главен сојузник на СДСМ. Траен мандат на СЈО и воведување на паралелни институции значи уривање на државата. Тоа на граѓаните им е сосема јасно, а јасно е дека Заев и Ахмети се единствените политичари кои се залагаат за ова.
Ахмети сака веднаш во НАТО, а Заев да ја свиткаме кичмата
Партискиот портпарол Бујар Османи за Дневник вели дека ДУИ не сака да биде само победник, туку и одлучувачки фактор.
-Мандатот на ДУИ по изборите ќе биде мандат на заокружување на процесите почнати во 2002 година. Таа мисија има пет трајни цели или пет заклетви од кои нема да отстапиме. Економски развој и економска рамноправност на Албанците, заокружување на прашањето за јазикот, односно албанскиот да биде втор официјален јазик во цела Македонија, како што предвидува Уставот, консензуално одлучување во Собранието и Владата при изборот на претседател на државата, при одлуките за надворешни, внатрешни и регионалните политики и за сите битни прашања во општеството. Четвртата заклетва или точка од која не отстапуваме е владеење на правото, односно СЈО да има мандат до влегувањето на Македонија во НАТО и во ЕУ и целосна имплементација на препораките од извештајот на Прибе. Петтата точка е веднаш во НАТО,  вели Османи.
Спорот со Грција за нашето уставно име е нашата единствена пречка за влез во НАТО, како и во ЕУ. Заев за ова уште пред неколку години си го кажа својот став- да ја свиткаме кичмата!
 
Груевски: 63 пратеници за стабилна Влада
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во одбрана на националните интереси.
-63 пратеници кои ќе значат силна порака за оние кои го делеа народот. 63 пратеници кои ќе значат крај за заевци и верушевцки. Ќе значат и мнозинство кое ќе значи дека никој нама да има право и можност да го уценуват народот. Со 63 пратеници ќе им покажеме дека нема да има можност за пазарење. Ќе значи полесно спроведување на проектите. Тоа ќе биде голем триумф на народот и огромен пораз за опозицијата, рече Груевски.Заев и Ахмети стануваат ривали во борба за албанските гласачи во пресрет на изборите закажани за 11-ти декември.
Додека овие двајца партиск

Пронајдете не на следниве мрежи: