Во Скопје опфаќајќи го Клиничкиот центар, општите болници, здравствените домови, специјалните болници, заводите и институтите ќе бидат обезбедени нови 1.318 медицински апарати, со проценета вредност од околу 13,5 милиони евра, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, соопштувajќи го планот за набавка на опреми во поголемите градови и болници.На прес-конференција на која најави нов мега проект во областа на здравството, Груевски посочи дека за Клиничката болница во Битола, и Здравствениот дом и Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во тој град, ќе бидат обезбедени 149 нови апарати во вкупна вредност од 1.230.550 евра меѓу кои дигитален ренген апарат, трансректална сонда за биопсија на простата, модерен апарат за ехографија со кардилошка и конвексна сонда, како и стоматолошки ренгенски апарат Панорамикс и голем број на други апарати.
Истакна дека за Клиничката болница и Здравствениот дом во Тетово, и за Специјалната болница за белодробни заболувања Лешок ќе бидат обезбедени 290 нови апарати во вредност од 2.041.900 евра меѓу којшто и дигитален апарат за флуороскопија, дигитален ренген апарат (графија), ресектоскоп за ендоскопски столб, како и 55 електрични болнички кревети и голем број на потребни апарати.
– Во Штип опфаќајќи ја Клиничката болница, Здравствениот дом и Медицинскиот факултет ќе бидат обезбедени 252 апарата во вредност од 2.116.300 евра, меѓу кои ренген апарат за скопија со тв ланец, преносен ренген апарат, апарат за ехографија со колор доплер, апарат за ехографија со ректална сонда, апарат за електро мионеурографија, апарат за анестезија, и голем број на други потребни медицински апарати, рече Груевски.
Тој потенцира дека за Општата болница во Охрид, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“, Заводот за превенција лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања и Здравствениот дом во тој град ќе бидат обезбедени 496 нови медицински апарати со проценета вредност од 3.028.220 евра, меѓу кои најсовремен операционен стол, пенданти за интензивна нега, плазма стерилизатор, апарат за ехографија 4Д, апарат за анестезија, апарат за дијализа, хируршки инструменти за гинеколошки операции, транспортен респиратор, абдоминална и трансректална ултразвучна сонда, прирачен автоклав како и голем број на други неопходни парати.
Нагласи дека за Општата болница и Здравствениот дом во Прилеп ќе се набават 161 медицински апарати со проценета вредност од 1.214.650 евра, меѓу кој два нови автоклави, два апарати за анестезија, биполарен ресектоскоп, апарат за ехографија со кардилошка и линеарна сонда, хируршки механизми, апарат со лапароскопија, апарат за ехографија на абдомен, столб за лапароскопија, како и нов доплер за крвни садови и многу други апарати.
– Во Кавадарци во Општата болница и Здравствениот дом ќе бидат обезбедени 58 нови апарати во вкупна вредност од 868.450 евра меѓу кои анестезиолошки апарат, два автоклави, ултрасонографски апарат со 4 вида сонди, апарат за ехографија со 4 вида доплер, колор доплер сонограф, плазма стерилизатор, апарат за колоноскопија, три нови инкубатори и голем број други медицински апарати, истакна Груевски.
Во Струмица, во Општата болница и Здравствениот дом, потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе бидат обезбедени 125 нови медицински апарати со проценета вредност од 987.450 евра меѓу кои апарат за остеопороза, два нови автоклави, лапароскопски столб за абдоменални операции, апарат за електромиографија, фако апарат за операција на катаракта, оперативен мобилен стол, два плазма стерилизатори, доплер на каротиди и вертебрални артерии, апарат за ехографија со кардиолошка и конвексна сонда, апарат за ехографија со две сонди и голем број на други апарати.
Посочи дека во Општатата болница и Здравствениот дом во Велес, како и во Специјалната болница во Јасеново, ќе се обезбедат 80 нови медицински апарати во вредност од 921.600 евра, меѓу кои апарат за анестезија, два нови респиратори, автоклав, централна мониторинг станица за мерење на витални функции, апарат електомиографија, апарат за ехографија со секторска и конвексна сонда, апарат за видео колоноскопија и голем број други апарати.
– Во Општата болница во Кочани ќе инвестираме во набавка на 39 нови медицински апарати во вредност од 477.300 евра, меѓу кои апарат за ехографија, апарат за абдоменална сонда за надоградба на постоечкото кардилошко ехо, апарат за траснкранијална магнетна стимулација, автоклав, нови дефибрилатори и голем број на други апарати, рече Груевски.
Истакна дека Во Општата болница и Здравствениот дом во Куманово ќе инвестираме во157 нови апарати во вредност од 902.100 евра, меѓу кои дигитален рендген апарат, два апрати за гастроскопија, апарат за ехографија со три сонди, апарат за колоноскопија, три нови автоклави, два апарати за анестезија, плазма стерилизатор, оперативен микроскоп, апарат за ехографија и апарат за ехографија на абдомен, и голем број на други апарати.
Во Општата болница и Здравствениот дом во Гевгелија, укажа, ќе се обезбедат нови 49 апарати во вредност од 421.000 евра, меѓу кои дигитален рендген апарат, апарат за ултразвучна дијагностика, апарат имунилошки анализатор, нов плазма стерилизатор, апарат за електро енцефалографија, хематолошки бројач и друг вид на апарати.
– Во Општата болница и Здравствен дом во Гостивар обезбедуваме 88 нови апарати во вредност од 785.000 евра меѓу кој дигитален рендген апарат, нов плазма стерилизатор, анестезиолошки апарат, апарат за електромиографија, апарати за ехографија, ултразвучен доплер за екстремитети, апарат за електроенцефалографија, и многу други апарати, рече Груевски и додаде дека во Општата болница и Здравствениот дом во Кичево обезбедуваат 74 нови апарати во вредност од 540.250 евра, меѓу кои дигитален рендген апарат, апарат за анестезија, апарат за ехографија со 4 сонди, апарат за колоноскопиј, нов плазма стерилизатор, и голем број на други современи медицински апарати.
Во Општата болница, Здравствениот дом во Струга и во Заводот за нефрологија, нагласи, ќе набавиме нови 111 парчиња опремаво вредност од 943.700 евра, меѓу кои апарат за анестезија, столб за лапароскопска ендоскопска хирургија, апарат за дијагностика за бурег и крвни садови, апарат за бронхоскопија, апарат за ехографија со кардиолошка сонда, апарат за колпоскопија, три 12 канални екг апарат, три хируршки апсиратори и голем број на други апарати.
Потенцира дека за Општата болница и Здравствениот дом во Дебар ќе набават 43 нови медицински апарати во вредност од 374.750 евра, меѓу кои апарат за ултразвук, колор доплер ехо апарат со абдоменална и кардиолошка сонда и апарат за ехографија и апарат за ендоскопија.
Во Здравствениот дом во Радовиш, како што рече, ќе набават 9 нови апарати во вредност од 89 илјади евра, меѓу кои и имунолошки анализатор, медицински периметар, нови Екг апарати кои се 12 канални, нов дефибрилатор, нов апарат за спирометрија, апарат за риноманометрија и други медицински апарати, а во Здравствениот дом во Берово ќе набават 6 нови медицински апарати во вредност од 76 илјади евра, меѓу кои апарат за ехографија со кардиолошка.линеарна и конвексна сонда, компјутерски периметар, два холтер апарати за мерење на екг и крвен притисок, хематолошки бројач, како и нов апарат за спирометрија.
– Нова опрема во вредност од 33 илјади евра ќе набавиме и во Здравствениот дом во Делчево меѓу кој флексибилен риноларингоскоп и апарат за елекроенцефалографија. Во Здравствениот дом во Крива Паланка ќе набавиме 13 нови апарати во вредност од 125 илјади евра, меѓу кои апарат колор доплер на крвни садови, апарат за ехографија со 2 сонди, апарат за гастроколоноскопија, нов хематолошки бројач, компјутерски авторефрактометар, дефибрилатор, апарат за спирометрија и други медицински потребни апарати, рече Груевски.
Посочи дека во Здравствениот дом во Здравствен дом Маврово и Ростуше ќе се набави медицинска опрема во вкупна вредност од 130 500 евра, меѓу кои дигитален ренген апарат за мамографија, апарат за ехокардиографија, апарат за биохемиска анализа, хематолошки бројач, холтер апарат за мерење на крвен притисок и други апарати.
– Во Ресен, опфаќајки го Здравствениот дом и Заводот за рехабилитација на белодробни заболувања во Отешево, ќе се набават вкупно 33 медицински апарати во вредност од 148 600 евра, меѓу кои апарат за дезитометрија, хематолошки бројач, апарат за криотерапија, дерматоскоп, апарат за ехографија, апарат за ринометрија, како и абдоменална сонда и многу други, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Груевски најави дека нови апарати ќе има во сите останати здравствените домови во државата, во Валандово, Вевчани, Виница, Демир Хисар, Кратово, Крушево, Липково, Македонски брод, Неготино, Пехчево, Пробиштип и Свети Николе. Меѓу опремата се и апарати за ехографија на срце и крвни садови, апарати за ехографија со три вида сонди, апарат за доплер за крвни садови, апарат за гастроколоноскопија, дигитален мамограф, биохемиски и имунолошки анализатор, преносни екг апарати, и голем број на други.
– Оваа голема набавка ќе ја спроведеме преку повеќегодишни набавки во следните четири години, но очекуваме дека корист ќе се почувствува веднаш по обезбедувањето и ставањето во функција на апаратите, со што самите граѓани ќе почувствуваат унапредување и во квалитетот и во достапноста на здравствените услуги, рече Груевски. Со секој покомплексен апарат ќе следи и обука за користење обезбедена од производителот и доколку има потреба и подолга обука обезбедена од Министерството за здравство и Владата.На прес-конференција на која најави нов мега проект во областа на здравството, Груевски посочи дека за Клиничката болница во Битола, и Здравственио