УМС Струмица: ДА за проектите, за просперитетот и напредокот, НЕ за двојазичноста и изедначувањето на македонскиот со албанскиот јазик

Младите зафаќаат еден од главните фокуси во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и партијата се грижи за младите и се труди да го унапреди нивниот развој во повеќе области. За разлика од тоа што ВМРО-ДПМНЕ се труди да го подобри животот на младите, од страна на аболицираниот криминалец Зоран Заев имаме само еден проект за млади, а тоа е изучување на албански јазик и воведување на двојазичност во цела Македонија.Ова беше истакнато на вечерашната трибина во организација на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и општинскиот комитет на УМС- Струмица.
На трибината беа промовирани мерките за млади кои се опфатени во сетот мерки кои ги промовираше лидерот на партијата Никола Груевски.
-Вечерва се тука младите собрани да кажат ДА за проектите, за просперитетот и напредокот и да кажат НЕ за двојазичноста и изедначувањето на македонскиот со албанскиот јазик, велат младите од ВМРО-ДПМНЕ.Ова беше истакнато на вечерашната трибина во организација на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и општинскиот комитет на УМС- Струмица.

Пронајдете не на следниве мрежи: