Во рамки на средбите кои што високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ ги остваруваат со граѓаните низ Македонија, Владимир Пешевски денеска е во Кочани, каде што со жителите разговараше за нивните идеи и предлози.-Она што сакаме да поразговараме се активности околу кампањата што следи, но и должност да ги потсетиме граѓаните за тоа кој ја предизвика оваа политичка криза, како дојдовме до овие избори и што е она што секој го има како политички субјект во Македонија направо за граѓаните. Мислам дека ВМРО ДПМНЕ ќе извојува уште една убедлива победа, бидејќи она што беше главна карактеристика на ВМРО, тоа е подобрување на реалниот живот на граѓаните, подобрување на инфраструктурата, отворање на нови работни места, сето она што значи подигање на животниот стандард, се работи по кои што ВМРО ДПМНЕ е препознатлив и тоа е нешто што ќе биде и во новата програма која што ќе ја промовираме и за овие избори и за која што сме сигурни дека од народот ќе добиеме убедлива поддршка, вели Пешевски.
Додава дека целта е да стигнат до 63 пратеника, бидејќи само на тој начин ќе успеат во континуитет, уште поинтензивно од сега да продолжат со спроведување на мерките и на програмите кои што се започнати во изминатиот период.
-И конечно да се приближуваме кон она што значи да се направи Македонија пристојно и достоинствено место за живеење, изјави Владимир Пешевски од ВМРО ДПМНЕ.
-Она што сакаме да поразговараме се активности околу кампањата што следи, но и должност да ги потсетиме граѓаните за тоа кој ја предизвика ов