Министерот за здравство Никола Тодоров денеска објави нова мега мерка во здравството со која 463.000 жители од Македонија кои живеат во населени места со помалку од 1000 жители, ќе можат за првпат лековите да ги добиваат во нивниот дом или во нивното населено место. Станува збор за мерката „Подвижна аптека“ со која ќе бидат опфатени 542 населени места.Тодоров истакна дека Министерството за здравство ќе додели 10 нови лиценци за подвижни аптеки во 10 региони во Р. Македонија.
Проектот „ Подвижни аптеки “ е поврзан со проектот „ Рурален доктор“. Досега преку „Рурален доктор“ над 200 илјади граѓани кои што живеат во рурални области во Македонија добиле здравствена услуга од руралните доктори.
-Секогаш кога руралниот доктор ќе отиде во некое населено место и ќе изврши некој преглед и препише определен рецепт на некој пациент, подвижната аптека е должна веднаш, а најдоцна во рок од 2 дена да му го однесе лекот на пациентот дома или во неговото населено место. Ова е огромен бенефит за пациентите кои живеат во руралните подрачја, рече Тодоров.
Министерот посочи дека овој проект се поврзува и со проектот „Рурална аптека“ .
-Проектот рурална аптека до сега функционира во 38 општини, а отворени се 67 аптеки со кој што се покриени над 180.000 жители . Проектот рурална аптека се однесува за населени места кои што имаат повеќе од 1000, а помалку од 3500 жители, рече Тододров.
Со подвижните и руралните аптеки се опфаќаат над 880.000 граѓани во државата на кои ќе им се олесни пристапот до лекови.Тодоров истакна дека Министерството за здравство ќе додели 10 нови лиценци за подвижни аптеки во 10 региони во Р. Македонија.
Проектот &bdq