Груевски: Досега се изградени 74 училишта, трендот ќе продолжи и во наредните години

Изградбата на училишта во Република Македонија се одвива добро. Досега се изградени 74 училишта, од кои 11 се изградија во последната година дена, 3 училишта се во фаза на градба и уште 5 ќе почнат да се градат во текот на наредната година, што вкупно е 19 нови училишта за период од две, две ипол години, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.-Во еден период од две, две ипол години вкупно 19 училишта, толку колку што немало во сите мандати на СДСМ заедно. Инаку, како што кажав во нашите мандати вкупно се изградени 74 училишта. Се градат и во моментот, а тој тренд ќе продолжи и во наредните години, додаде Груевски одговарајќи на новинарско прашање во Градската општа болница „8 Септември“-Скопје, каде беше поставен камен-темелник на бункер за нов линеарен акцелератор за потребите на болницата.-Во еден период од две, две ипол години вкупно 19 училишта, толку колку што немало во сите мандати на СДСМ заедно. Инаку, како што кажав во нашите

Пронајдете не на следниве мрежи: