Целосно се завршува изградбата на булеварот „Србија“ кој ќе ги поврзе населбите Кисела Вода, Припор и Сопиште со општина Аеродром и ќе овозможи побрзо, побезбедно и поефикасно движење.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и градоначалниците на Град Скопје и општина Кисела Вода, Коце Трајановски и Билјана Беличанец Алексиќ, денеска изврши увид во градежните работи на третата фаза на булеварот „Србија“.
-Тоа е место кое во претходниот период беше една мала уличка, а сега се прави булeвар со 4 ленти, кој ќе биде многу проточен и многу користен од граѓаните, кој сврзува две населени места Припор и 11 Октомври. Тоа е многу значајно за граѓаните кои живеат во овој регион, но и за оние кои гравитираат поради различни причини. Ова е навистина едно значајно поврзување и што е многу важно ова е ветување во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, практично ние го исполнуваме ветувањето. Работите се одвиваат со добра динамика, планот е да завршат некаде август-септември следната година, истакна Груевски.
Инвестицијата е вредна околу 100 милиони денари.
Трајановски потсети дека со оваа фаза се опфатени 868 метри и целосно ќе се заокружи изградбата на булеварот „Србија“.
– На крстосницата меѓу булеварот „Србија“ и улицата „Христо Татарчев“ ќе има голем кружен тек со дијаметар од 36 метри, кој ќе биде со две коловозни ленти по 4,75 метри, а ќе има и пешачки патеки, рече Трајановски.
Тој најави дека ќе се реконструира и кракот на улицата „Христо Татарчев“ кон Припор, во должина од 380 метри, како и краците 2 и 13, кои се по стотина метри. Вкупната должина која ќе биде реконструирана е околу 1.400 метри. Вредноста е 98 милиони денари, а рокот на изработка е 20 месеци од почетокот на изработка. Се очекува до август следната година да завршат градежните активности.
Информираше дека Град Скопје во моментов работи и други проекти во општина Кисела Вода. Во фаза на изградба е и булеварот „Борис Трајковски“, кој треба да биде готов до средината на следната година. Се работи на булеварот „Народни херои“, кој ќе биде завршен за неполн месец, а за следната година ќе биде вториот дел од овој булевар.
– За следната година предвидуваме и во фаза на изработка сме на техничката документација и вадење дозволи за улицата „Есенинова“, која ќе ја поврзе Кисела Вода со Аеродром, додаде Трајановски.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и градоначалниците на Град Скопје и општин