Денешната прес конференција е класичен пример што го потврди политичкото работење на СЈО, за жал, СЈО беше формирано да ја каже вистината за граѓаните, но денешниот прес е пример за политичко работење, истакна Канческа Милевска, откако СЈО отвори истрага по кодно име „Тендери“ каде првоосомничено е раководно лице од Министерството за култура и тројца членови на Комисијата за јавни набавки.-Документацијата е дадена во СЈО, секој кој сака може да ја погледне и да се увери дека документацијата е уредна. Обвинувањата се однесуваат не на целиот музеј на ВМРО, туку на партерот на уредување, нешто што започна да се изведува од август 2011-та и заврши во 2013-та година со изведба. Овој предмет се однесува за овие делови, на нешто што е спроведено врз основа на претходно урбанистичка документација, истакна Милевска.
Таа гостуваше во отвореното студио на ТВ Нова, заедно со екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Повикан беше и претставник од СЈО, меѓутоа од ова обвинителство истакнаа дека не се во можност да присуствуваат на дебатата.-Документацијата е дадена во СЈО, секој кој сака може да ја погледне и да се увери дека документацијата е уредна. Обвинувањата се однесуваат