Ако победи, СДСМ има нов „План за Македонија“. Што би помислиле кога некој би ви го кажал ова? Најверојатно дека детално ја испланирале двојазичноста, реотворањето на Рамковниот договор, реваншизмот и илјадниците смени во сите можни институции и дека извежбале нов начин на виткање „кичма“ за промена на името за влез во ЕУ и во НАТО. А тоа да ти била кампањата (70 дена пред избори и пораз), обелоденета на конгресот на СДСМ од кој најпоучната вест беше дека Павле Тајанов и неговиот Демократски сојуз биле десница?! Ова, покрај доаѓањето на Црвенковски, беше вест на денот, но и Павле, како и Зоран, остана засенет од доаѓањето на Бранко, пишува РЕПУБЛИКА.-Папата повторно ги изненади сите! Или, сепак, не беше баш така? Дека ги засени, тоа да, но неговото откровение на конгресот е само уште една евтина епизода од востановеното пуштање ветер во едра на недоветниот наследник. Далеку е од изненадување и веќе премина во класика. Ако се сеќавате, тој го направи истото и пред катастрофалните избори за СДСМ во 2014 година. Тогаш БЦ излезе од тешка илегала преку интервју во кое го испофали Заев. За жал, сето тоа и маката на Блажевска беа залудни. Можеби, Заев би требало да излезе и да му рече „аман не ме брани, минатиот пат загубив со 200.000 гласа разлика“, но Бранко контра ова ја засили поддршката, собра сили и излезе во јавност за да се прошета со напатениот штитеник. Дали, сепак, собра сили само за да ги собере лаворите? Како и да е, едно е сигурно – по востановениот социјалдемократски парадокс, кој помина во класика, папата целосно го засени спасителот. Пак. По којзнае кој пат. Долго најавуваниот конгрес, кој требаше да и ги отвори очите на нацијата дека СДСМ, конечно, и, за промена, се фатило за работа и направило програма, помина речиси незабележително. „Планот за Македонија“ се покажа патетична збирштина на препишани и на лошо склопени популистички мерки, а сетот тажалки на избраните „комунисти“ од сите бранши само го дополни впечатокот за константната безидејност, гол и неаргументиран популизам и лош обид за затскривање на очигледниот елитизам со кој, едноставно, зрачи врхушката на чедата со сина крв, анализира РЕПУБЛИКА.
БЦ во нова „невозможна мисија” за поддршка на „лидерот” Заев
Дури и социјалдемократите денеска, најверојатно, не се сеќаваат на понудените „мерки“ во самобендисано наречениот „План за Македонија“, но сите уште долго ќе се насмевнуваат и ќе воздивнуваат поради еден прекрасен момент, кој ги разнежни нивните напатени души на конгресот,. Верувале или не, ги „изненади“ и се појави Бранко Црвенковски! Еуфорија на еклектично задоволство и изблици на возвишена и неконтролирана радост ги озари лицата на 539 „конгресмени“ (недостигаа „само“ 26 проценти од делегатите, но ако знаеле за Бранко, сигурно ќе дошле) кога тој фуриозно и победнички влета во салата. Настана турканица за поздравување со него, а покрај Црвенковски послушно насмеан одеше Заев.
Но никој, за чудо, не се поздрави со спасителот?! Сите му приоѓаа само на папата и со широка насмевка и покајнички лица му се фрлаа в прегратка, а Заев, тој си остана со отворена уста, затоа што и тој беше дел од одушевената толпа (видеото е сѐ уште во оптек, слободно проверете). Во тој момент Заев беше само една Иванна, „придружничка“ на лидерот. Појавувањето на Бранко, пак, ја разбуди носталгијата. На социјалните мрежи, социјалдемократите заплакаа и закукаа по него и отворија дебата за тоа кој е вистинскиот лидер. Ги дораспука Латас со насловот „Без старца нема ударца“, а Геро умилно со лошо составен текст и бедотијата место наслов „Честитки за Заев и Црвенковски“ ги тешеше со зборовите „ Еден таков дух на сплотеност и на другарство, навистина, може да внесе победничка енергија во опозицијата пред претстојните избори“?! Да, кога нешто е олку јасно, а морате да браните, едноставно, се приклучувате во патетиката…
Факт е дека Црвенковски влезе во нов обид за поддршка на својот истрауматизиран наследник, мисија што трае цели 3,5 години од неговото заминување од тронот на СДСМ. Вистинскиот проблем, пак, е што Бранко Црвенковски не е Том Круз за да ја реши оваа неблагодарна „невозможна мисија“ и да му помогне на Заев, конечно, и по сите маки и искушенија, да дојде до победа. Да, единствено што ги поврзува екслидерот со холивудската ѕвезда е што се врсници, а верувале или не, Бранко е три месеци помлад од Том. Последните анкети, пак, покажаа, дека дури и да беше Круз, појавувањето на Црвенковски на 70 денови пред изборите не може да го смени соодносот меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а за разликата меѓу него и Груевски да не ни зборуваме. За жал на опозицијата, и Катица Јанева во меѓувреме си призна дека не е Супермен…
„РЕПУБЛИКА“: ЕУРЕКА! Верувале или не – СДСМ има план?!
Црната кампања во која партијата ужива и битисува речиси четири години, го направи своето. На Заев не му помогнаа ниту „бомби“, ниту чадори, ниту Црвенковски, ниту, пак, „револуции“, СЈО и слична стока со ограничен рок на траење и енормно скапо одржување. Соочен со константноста на срамниот рејтинг, СДСМ се реши да заигра на друга, поинаква карта. Поверојатно, така му рекле, нели. Иако, еден ден по лажниот позитивизам, Спасовски, очигледно, не ги разбрал Заев и Шеќеринска, па му пиша забрана за прес-конференции на Андонов. Веројатно и тој се загубил во преводот. Каков? Од српски или од јазикот на чадорот се овие нови насоки на СДСМ да игра на популизам, позитивизам и на целосно неаргументирани ветувања за зголемена минимална плата, задржување на младите со нови работни места и што ли уште не? Барем досега, скапите српски продавачи на магла им нудеа само омраза и им продаваа ветви, босански и неуспешни шарени „револуции“, така што ова е последен обид на чадорот да ги изведе на „вистинскиот“ пат. Сепак, кој ќе го купи тоа од партијата што на економски план остана позната само по катастрофалната приватизација, бркањето на „Ауди“, приватизацијата на ЕСМ, „договорите“ за бркање илјадници вработени од „Телеком“ и ниту една конкретна мерка. Сега се измачија, ископираа и модификуваа неколку мерки од власта, а другите ги ветуваат без никакво издржано објаснување и какво и да е покритие.
Кој ќе го купи овој план, веќе одамна решил да го купи, но на мнозинството и натаму при споменување на новиот „План за Македонија“ на СДСМ прво на ум ќе му паднат двојазичноста, реотворањето на Рамковниот договор, реваншизмот, кој веќе наголемо го промовираа техничките министри и четири прста пројавената отвореност за виткање „кичма“ и промена на името. „Да“ за влез во НАТО и во ЕУ, но и тука Македонците во претходните анкети ги демантираа со повеќе од 80 проценти против слични дејства. За сите тие што не се симпатизери на СДСМ и со самото тоа спаѓаат во социјалдемократската група на „стока, селани и немиени“ ова е првата слика за планот на СДСМ за Македонија. Што е право, избраа вистинско име за кампањата. За среќа, имаат 70 денови на располагање за да го сменат. Исто како и флоскулата „Секој човек е важен“ во „Секој човек со сина крв е важен“. „Стоката“ не е, ама пожелно е да гласа за нив. Тоа е и најкусиот опис на очекувањата од „Планот за Македонија.“
Дообјаснување: СДСМ се обедини со центарот, т.е. Заев со Поповска
Веста на СДСМ од конгресот е дека, конечно, се формирале опозициските коалиции. Нејсе што не е точно и што дел од нив како Левица, ВМРО-НП и други сѐ уште калкулираат, но кога сите очекуваа од Заев да каже дека настапува со Беса, Села или макар со Унитети, тој ги замолчи со веста дека „левицата“ се обединила со „центарот“, а „десницата“ ќе одела самостојно?! Не бадијала сите се во наводници. Арно што им светнало дека со албанските партии ќе се дозакопаа, но приказот на Лиле и на Павле за центар и за некаква си десница беше уште поочаен и побезобразен. Настрана, ако СДСМ е левицата во Македонија, некој тука многу се шегува со народот. Милионери и елитисти не водат левица. Барем никаде во светот. „Центарот“ да ти бил ДОМ на превртливата Лиле Поповска, која е секогаш отворена за соработка со победникот. Просперираше како сателит на вратот на ВМРО-ДПМНЕ и во меѓувреме направи катастрофално лоша процена дека „бомбите“ ќе го донесат Заев на власт. И лошо процени. Сигурно и денеска многу се кае, но барем пак ќе влезе во парламентот. За неа нема зима. Сепак, најпоучната вест од Конгресот е што Павле Трајанов и неговиот Демократски Сојуз биле десница?! Ова, покрај доаѓањето на Црвенковски, беше вест на денот, но и Павле остана засенет од Бранко. Фиксни, сега-засега, му биле малоумните патриоти од ФРОДЕМ и активистите на ДЕМОС. И двете се далеку од партија и немаат никаква структура, па Павле и Јове сега се крстат во влезот на ВМРО-НП и на Обединети за Македонија за со Љубе и со Љубчо да му „украдат“ на бегање некој глас на Груевски и за да му „направат услуга“ на Заев во математиката со Донтовиот модел. Веројатно, и Павле, како и Лиле, страшно се кае за лошата математика и процена со „бомбите“ и со СЈО. Вака само стана штетник со Јове, а на ДЕМОС и така никој не се сеќава. Ако до конгресот прашавте кого било каква проминенција е Демократскиот сојуз, сите ќе ви одговореа на два начини. Првиот би бил „сателитска ориентација“, а вториот одговор би бил „зар ДС има политичка проминенција?“ Шарените немало да одат како партија, ама ќе биле на листи, разбирливо, дека се едно со СДСМ и тоа не е ништо ново, воопшто не изненади ни веста дека во шестата изборна единица ќе одат со Муки и со Адеми на листа, но ете, освен дека Бранко е жив и здрав, придобивка е што дознавме дека ДС биле десничари. Мошне поучен конгрес.
Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 214. број на неделникот „Република“, 7.10.2016)-Папата повторно ги изненади сите! Или, сепак, не беше баш така? Дека ги засе