Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на големиот народен собир во СЦ „Борис Трајковски“ најави четири нови инвестиции кои ќе отворат работни места за голем број на македонски граѓани.
-Во контакт сме со повеќе други компании од различни сфери со кои разговараме за нови инвестиции. Ова покажува дека ние не се откажуваме, не застануваме. Ние ја водиме земјата напред. Политичката криза иако го забави процесот, ние продолжуваме да се бориме за секоја нова инвестиција, за секое ново отворено работно место во Македонија. Прво, можам да соопштам дека една западно-европска компанија го извести неодамна економскиот тим, конкретно Бил Павлески, дека има донесено интерна одлкука да инвестира во Македонија. Таа е компанија за производство на електрични уреди кои се употребуваат во секојдневието, во домакинствата и претставува познат бренд. Се очекува да отвори нови 1000 директни вработувања во град во пелагонискиот регион. Не можам да ги соопштам деталите додека инвеститорот не го направи тоа. Второ, германска компанија која е добавувач на постоечки голем странски инвеститор во зона во Скопје, донесе одлука да инвестира во нов производствен погон во Македонија. Нова фабрика која треба да почне да се гради и да биде готова во средината на наредната година и во која ќе се обезбедат стотина нови работни места, рече Груевски.
Третата инвестиција ја најави како особено радосна вест, Американска компанија која се занимава со специфична индустрија одлучила да инвестира во еден помал град во централниот дел на Македонија.
-Во моментот се во процес на купување на земјиште, а по изградбата се планира производството да започне во втората половина на наредната година. По целосното комплетирање и заокружување на инвестицијата ќе се вработат 200 нови лица. Оваа инвестиција е од исклучително значење за градот во кој се планира да се реализира. Четврто, можам да соопштам дека италијанската компанија Технохозе по изградбата на втората фабрика оваа година, годинава ќе започне со градба на нивна трета фабрика во Македонија, во зона во Скопје. Градбата ќе почне во наредниот месец до два. Тоа е инвестиција од дополнителни 5 милиони евра и нови над 100 работни места. Ова се 4 нови инвестиции. Нека е среќно, порача Груевски.-Во контакт сме со повеќе други компании од различни сфери со кои разговараме за нови инвестиции. Ова покажува дека ние не се откажуваме, не застан