Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ порача: Стабилен Парламент за стабилна Влада и стабилна држава

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа панел-дискусија на тема “Стоиме на располагање на народот” на која се обратија повеќе пратеници од составот на владејачката партија. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски порача дека стабилен Парламент со 62 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ значи стабилна Влада, а стабилна Влада, како што нагласи Димовски значи стабилна држава.- На овие избори граѓаните треба да разберат дека се бориме или за стабилност, која што ќе значи економски напредок и почитување на Република Македонија, или ќе имаме хаотичен Парламент, хаотична Влада, хаотична држава и во следните четири години, реле Димовски.
Димовски им се заблагодари на шеесетте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои останале достојни и не им поклекнале на притисоците и навредите  кои што ги имале.
-Сите тие шеесет дами и мажи беа достојни патриоти и опстоија на една линија која што значи зачувување на државните и националните интереси на Р.Македонија. Можете да замислите што ќе значеше доколку само 10 од нас потклекнеа на хистеријата, на лагите и на манипулациите кои што секојдневно беа лично упатувани, рече Димовски.
Атмосферата која што беше наметната во парламентот од страна на опозицијата кога се врати во Собранието, додаде Димовски, беше само пресликана слика која што се случуваше во неколку градови во Р.Македонија во смисла на рушење, деструкција и негативизам.
-Беше голем предизвик да се работи со конкурентска страна која што живее во некој фиктивен свет, во свет во кој што сите треба да веруваат во едната апсолутна вистина што едната и единствена партија, Сојузот на комунисти ја говори. Ние имавме навистина тежок период кога на овие луѓе требаше да им објасниме дека Собранието е дом на сите граѓани. Тоа што ние сме 60, а тие се 30 е заради тоа што граѓаните така сакале да биде. Токму истите тие граѓани и на изборите на 11 декември повторно ќе одлучат и бројките да не се променат, рече Димовски.

Тој посочи дека пратениците ВМРО-ДПМНЕ секојдневно се присутни меѓу граѓаните и ги решаваат нивните проблеми.
-Собранието на Република Македонија  е законодавниот дом на македонската држава и највисок државнички орган на Македонија и ако една влада и една гарнитура е дестабилизирана во собранието, тогаш таа ќе биде од темел дестабилизирана. Ние во изминативе две години гледавме дека имаме темелен и секојдневен не само обид, туку и операција за  дестабилизација на Македонија. Таа се случуваше на неколку места, преку влезот во владата на Република Македонија на одредена гарнитура која тоа го злоупотреби надвор од било каков политички договор. Ударот и тоа како беше почувствуван во Куманово, страшен удар врз Македонија. Дестабилизацијата  исто така беше почувствувана на улиците на Македонија, ние  имавме неколку обиди за влез во владата, неколку обиди за влез во собранието, неколку обиди за преземање на општините во Република Македонија,имавме  ситуација да биде вандализирана општина Битола, Прилеп, Крива Паланка, внимавајте зграда која беше реновирана буквално беше вандализирана. Дестабилизацијата не успеа бидејќи они кои што тргнаа за дестабилизација на Македонија не можеа да соберат 62 пратеника, а имаа неколку обида. Замислете што ќе се случеше со економијата со Македонија , со македонската државност  и унитарност доколку ќе ги собереа тие 62 пратеника, а тоа беше директен обид на СДСМ да влезат во собранието. Тоа не успеаа бидејќи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ги имаше бројќи, имаше луѓе на кои не им беше сеедно да се случи тоа. Зошто не успеа тоа? Затоа што на минатите избори кога цела Македонија гласаше ние имавме 61 пратеник, тоа беше ‘р бетот и стабилноста на Република Македонија во изминативе две години.  Ударите се случуваа и се засилуваа но таа бројка не можеше да се промени, потенцираше Ѓорчев.

Тој исто така истакна дека ударите врз она што се нарекува Македонија што се нарекува унитарност, стабилност на владата апсолутно ќе продолжат и во иднина, но прашањето е дали ќе успееме или ќе имаме дестабилизација.
Во собранието клучни се бројки, ВМРО-ДПМНЕ секако на наредните избори ќе ја состави владата, но не е сеедно дали со 55 или со 62 пратеници. Наредните 55 денови ќе се одлучи за стабилноста и за проектите за наредните  години. Во наредните 55 дена со својата активност и мотив завзема став во наредните четири години. Ние сме подготвени да парираме на се со 62 пратеника. Во изминативе два дена ги слушнавме сите проекти на владата на Македонија,  а сето тоа би се случило само ако имаме стабилност во наредните летири години, ќе расте економијата, ќе може да ги качуваме пензиите, ќе овораме нови фабрики и работни места , сето тоа е стабилноста во парламентот а стабилноста се мери со бројки, вели пратеникот Влатко Ѓорчев.
Во својата дискусија пратеничката Лилјана Затуроска говореше за отвореноста кон граѓаните и менаџирањето на нивните потреби, како и за функционирањето на пратеничките канцеларии.
-Што значи пратеничката функција и со кои предизвици пратениците се соочуваат во овој мандат и како опстануваат. Вие го гледате најмалото она што значи активност на еден пратеник, она другото што не го гледате е останатата 90 отсто од работењето на секој еден пратеник. Тоа е еден спектар на активности, спектар на многубројни средби со граѓаните, кои што пратениците во континуитет ги остваруваат се со цел да придонесат во остарувањето на работата во Собранието.
Имаме повеќе од 69 пратенички канцеларии што значи дека таму каде што има пратеник, има пратеничка канцеларија , но цела територија, сите населени места во нашата земја се опфатени со пратеници. Што значи граѓаните своите идеи, своите сугестии слободно можат да ги пренесуваат на пратениците.

-Пратеничките канцеларии се една моќна алатка, лобирање и застапување на граѓаните, тоа значи да му се овозможи на граѓанинот да учествува директно во политичките процеси кои што се случуваат директно во Собранието на Република Македонија. Тоа значи да му се даде на граѓанинот она што го бара и директно да учествуваат во донесувањето на одлуките, на законите кои што фактички ги креираат и ги бараат самите граѓани. Тоа е основната функција на пратеничката канцеларија, рече Затуроска.
На панел дискусијата на ВМРО-ДПМНЕ говореше пратеникот Драган Данев, кој рече дека треба да се порази врхушката на СДСМ.
-Нашата главна цел е да допреме до сите граѓани на Република Македонија, до секој Македонец, со секој Бошњак, до секој Србин , Албанец… Да им ги кажеме нашите видувања, и нашата визија за  Република Македонија. Многу блиската историја кажува нешто кое не му иде во прилог на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи во спротивната страна, во најмала рака кажано, нашите политички конкуренти размислуваат на се само не на чесно и искрено бранење на културните и национални интереси. Да имавме една нормална опозиција ова немаше да го говориме и дискутираме, ние имаме една опозиција која што се грижи за се, само не за македонскиот национален интерес и за интересите на граѓаните на Република Македонија. Ако за сите претходни избори велевме дека тие се најважни, јас мислам дека ова се историски избори на кои што на Заев, на Верушевски на Шиолегов треба во македонската историја да им се стави крај, рече  Данев.

Докторот и пратеник Андон Чибишев посочи дека напредокот во здравството започнало од 98 до 2002 година кога дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт, а министер за финасии тогаш бил Никола Груевски.
-Тогаш за една година во македонското здравство беа инвестирани во инфраструктура и во современа софистицирана медицинска опрема 22 милиони евра во проекти кои донесоа напредок во работата на македонското здравство, рече Чибишев.
Тој посочи дека вложувањето во здравтвото започнува со едукацијата на медицинскиот персонал.
-Во последните 4 години има над 2200 медицински работници од сите профили кои што поминале медицинска едукација во најреномираните центри низ цел свет каде што се стекнале со нови техники, нови методи кои што сега ги применуваат овде. Ние донесовме закон за медицински студии и закон за континуирана медицинска едукација на здравствените работници. Нашите студенти по медицина сега студираат исто како нивните колеги во САД и Европа, рече Чибишев.
Посочи дека кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт во 2006 година во Македонија имало хроничен недостаток од одредени специјалности

-Минимален број на специјализации да даваа нашите политички опоненти во периодите кога тие го менаџираа здравството и беа на власт немаше да дојдеме во ваква ситуација. Ние затекнавме катастрофална ситуација посебно на Гинекологија. Од кога е дојдено ВМРО-ДПМНЕ на власт максимален број на специјализации се дадени, рече Чибишев.- На овие избори граѓаните треба да разберат дека се бориме или за стабилност, која што ќе значи економски напредок и

Пронајдете не на следниве мрежи: