Чавков: Од 2006-та година досега се набавени 700 нови возила во МВР

На панел дискусијата на ВМРО-ДПМНЕ на тема „Држава“ министрите се фокусираа на последните 10 години, на проектите, на создавање на нови работни места, на излегувањето на Македонија од политичката криза. Заменичка во Министерството за правда Билјана Бришкоска- Бошковски дискутираше за сето она што е преземено во овие десет години и како сето тоа сега се ефектуира.-Тргнувајќи од ваквите состојби во изминатиот десетгодишен период, Министерството за правда, односно Владата на Република Македонија како главен приоритет ги имаше реформите во правосудниот систем. Во рамките на надлежностите на Министерството за правда и Владата во делот на судската власт, активностите беа насочени кон создавање на нормативната рамка, односно подобрување на нормативната рамка која што ја покрива оваа област, како и во делот на создавањето на просторните услови за нормално функционирање на правосудните институции. Најуспешна приказна во рамките на реформите на правосудниот систем би ја споменала Академијата за судии и јавни обвинители, таквата потврда во делот на работењето на Академијата ја има и од страна на извештаите на Европската Комисија. Досега откако е воспоставена Академијата, почетна обука завршиле и се именувани за судии и јавни обвинители, 45 судии, 48 јавни обвинители, рече Бришкоска- Бошковски.
Таа нагласи дкеа поставиле висок критериум на луѓе кои може да бидат избрани за судии и јавни обвинители, на што наишле на голем отпор од опозицијата,
-Но излезе дека сме во право со новите законски измени. Па така на секој следен оглас се пријавуваа луѓе кои се повеќе ги исполнуваат овие критериум и имаме успешно завршени генерации. Оневозможивме долги судски постапки, оневозможивме злоупотреба на странките во постапката, рече Билјана Бришкоска-Бошковски.
 -Тргнувајќи од ваквите состојби во изминатиот десетгодишен период, Министерството за правда, односно Владата на Република Македонија како главен пр

Пронајдете не на следниве мрежи: