Во изминатите 10 години Владата на ВМРО-ДПМНЕ реализираше низа проекти во областа на спортот што не беше пракса во изминатите 25 години, истакна директорот на АМС Марјан Спасески на панел дискусијата во организација на ВМРО-ДПМНЕ.-Во изминатите години преку МОН се даде голем фокус за подобрување на спортската инфраструктура бидејќи не е доволно само да се има талент туку е потребно и да има услови, се со единствена цел да се создадат наши македонски спортисти. Спортската инфраструктура веќе ги докаува своите први резултати, рече Спасески.
Тој потенцираше дека само во 2015 година се изградени 56 спортски објекти низ целата држава што значи дека на една недела се градело по еден спортски објект.
– Од 2006 година па до сега се изградени 246 спортски објекти, и се вложени 37 милиони евра издвоени од владата. Спортски сали, повеќе наменски терени, фудбалски игралишта. Сите овие спортски објекти треба да се дисперзираат низ сите градови низ Македонија бидејќи спортот треба да биде достапен секаде, рече Спасески.-Во изминатите години преку МОН се даде голем фокус за подобрување на спортската инфраструктура бидејќи не е доволно само да се има талент туку е п