Никовски: Фактот дека реномирани компании инвестираат во македонија е најголема потврда за добрите политики

Околу 2.500 нови работни места ќе отворат трите нови странски инвестиции во Македонија.Костал ќе отвори 100 работни места, компанијата пред два дена започна со производство во струшко-охридскиот регион.
-Костал е една од најдинамичните и најиновативните компании во светот кога станува збор за автомобилската индустрија. Присутни се во 21 земја. Се работи за една вистински глобална компанија, тие се исклучително искусни  при селекција на нови локации. Од кај нив доаѓаа цели тимови на експерти за да ја разгледуваат Македонија како можна дестинација. Ние имавме силна конкуренција од други земји. Тие детално го разгледуваа секој релевантен параметар и детално се запознаа со бизнис климата и по долги анализи огромно е задоволството што токму во Македонија одлучија да го лоцираат нивниот нов погон, вели Алек Никовски, советник за привлекување на странски инвестиции, во гостување во вестите на Канал 5.
Во ново отворениот погон во Охрид ќе се произведуваат компоненти кои што ќе во едни од најлуксузните автомобили во светот. Никовски вели дека е огромно значењето не само за охридскиот регион туку и за целата држава, што токму тие компоненти ќе се произведуваат во Македонија.
-Тие соработуваат и со локални компании а тоа нуди ширење на работата на локалните компании но и индиректни вработувања, носење на нови вештини, менаџмент, нова технологија која е најсовремена. Соработка со локални образовни институции а се разбира и зголемување на извозот, објаснува Никовски.
Тој вели дека многу силен и позитивен знак е тоа што во многу краток период беа објавени неколку странски инвестиции.
-Важно е што ова се одлуки на реномирани странски компании кои што секогаш разгледуваат повеќе од една опција но сепак се одлучуваат за Македонија. Значајно е и тоа што се од различни индустрии  и од различни земји на потекло, објаснува Никовски.Костал ќе отвори 100 работни места, компанијата пред два дена започна со производство во струшко-охридскиот регион.
-Костал е една од најди

Пронајдете не на следниве мрежи: