Граѓаните на Кичево повторно се спротивставија на идејата за двојазичност која изминатиов период е застапувана од главните медиумски перјаници на опозицијата, но и лично од првиот човек на СДСМ, Зоран Заев.Според информациите, од десетина резервирани автобуси, СДСМ денеска успеа да наполни само еден за да ги донесе членовите за Скопје на најавениот протест.
Кичевчани уште еднаш ставаат до знаење дека се против штетните политики кои најголемата опозициска партија ги практикува со години наназад. Со референдумот за територијална поделба на Република Македонија во 2004-та година се смени етничкиот состав на Кичево, откако Зајас, Осломеј, Вранешница и Другово станаа дел од Кичево.
Границите на Кичево се скроија како резултат на територијална реорганизација што ја договорија тогаш владејачките СДСМ и ДУИ, а која се покажа погубна за граѓаните на Кичево.Според информациите, од десетина резервирани автобуси, СДСМ денеска успеа да наполни само еден за да ги донесе членовите за Скопје на најавениот пр