Хаосот продолжува: Сава носи се пред себе!

Она што деновиве се случува на Србија, последиците од поплавите и бројот на жртви, не се памети од 1981 та година…Насипот на Сава помеѓу Батковиќ и Раче попушти на четири места, се гледа од видео снимките објавени на БН телевизија направени од хеликоптер. Ако нивото на реката продолжи да се зголемува ќе бидат евакуирани помеѓу 6000 до 10000 луѓе, соопшти градоначалникот на Бијељина, Мичо Мичиќ.
Уште една ноќ помина во евакуација и поставување на насипи по должина на реката Сава. Според информациите на српските медиуми иако нивото на реката конечно стагнира, сепак таа е закана за населените места по нејзината должина. Се најавува евакуација на жителите на уште шест села.
Премиерот Александар Вучич изјави дека почнале да се вадат првите тела во Обреновац и дека се плаши што ќе се случува откако водата ќе се повлече. Исто така премиерот изјави дека уапсени се некои луѓе кои ја зголемиле цената на водата за време на оваа катастрофа.

 
Врвот на поплавниот бран во Белград треба да биде во вторник или среда, изјави денеска припадник на Секторот за вонредни ситуации во МВР на Србија Бојан Томиќ.
– Ситуацијата моментно не е алармантна. Сето ова што се презема се превентивни активности за случај на вонредно сценарио, изјави Томиќ. Додаде дека ситуацијата со Млава кај Костолац е стабилна, дека постои стагнација на Сава кај Шабац и Сремска Митровица, но дека и понатаму е тешко да се претпостави до кое ниво ќе се зголеми водостојот на реката Сава.
Поради поплавите досега во Србија се евакуирани над 16.000 луѓе. Евакуацијата продолжува во Обреновац, Барич, Сремска Митровица, во реонот на Пожаревац и во неколку други места. Без струја во моментов се околу 76.000 домови во 13 општини.Насипот на Сава помеѓу Батковиќ и Раче попушти на четири места, се гледа од видео снимките објавени на БН телевизија направени од хеликоптер. Ако н

Пронајдете не на следниве мрежи: