Погледнете како се брани Сремска Митровица! Започна евакуацијата на болниците!

Штабот на Владата на Војводина за вонредни ситуации, денес наложи евакуација на пациентите од болниците во Сремска Митровица. Евакуацијата започна во 18:30 часот.„Со оглед на тоа што водостојот на Сава во Сремска Митровица ја достигна висината при која евакуацијата на здравствените установи мора да биде извршена, штабот на Владата на Војводина за вонредни ситуации усвои план за евакуација на пациентите од болницата во Сремска Митровица, како и нивно пренесување во други установи од покраината“, се наведува во соопштението.

Се додава дека евакуацијата започнала според усвоениот план: прво се евакуирани пациентите кои се во животна опасност. Потоа, следи евакуацијата на неподвижните пациенти, потоа на подвижните, пишува во соопштението.
Водостојот на реката Сава кај Сремска Митровица и понатаму растеше во 17 часот. Тој изнесуваше 861 центиметар, а зајакнатите насипи се уште одолеваат.

На подрачјето на Сремска Митровица се ангажирани 1.200 луѓе: работници од претпријатијата, како и доброволци кои уште од вчера ги зајакнаа насипите со половина милион вреќи.
Од Води на Војводина истакнуваат дека водостојот во соседна Хрватска во Зупање стагнира уште од 13 часот, што би претставувало олеснителна околност.
„Со оглед на тоа што водостојот на Сава во Сремска Митровица ја достигна висината при која евакуацијата на здравствените установи мора да бид

Пронајдете не на следниве мрежи: