Македонија и БиХ ја продолжуваат одличната соработка во областа на военото образование

Размената на искуства на патот кон полноправно членство во НАТО, реализацијата на заедничките вежби и обуки, како и продолжување на одличната соработка во областа на военото образование, беа темите на кои разговараа министрите за одбрана на Република Македонија и на Босна и Херцеговина, Зоран Јолевски и Марина Пендеш, на денешната средба во Министерството за одбрана.– Горд сум што питомци од Босна и Херцеговина се дел од Воената академија во Скопје, која е високо ценета образовна институција во Република Македонија и во регионот, истакна министерот Јолевски на средбата.
Тој додаде дека еден од приоритетите на Министерството е и континуираниот развој на военото образование, а дел од тоа е и воспоставувањето на новиот Универзитет за национална безбедност и одбрана, „Дамјан Груев“.
– Чекорите кои ги правиме за развој на образованието ќе значат поголем квалитет во произведувањето на идните воени лидери во Армиите во регионот и ние сме почестени што Босна и Херцеговина верува во капацитети на нашата Воена академија, нагласи Јолевски.
Министерката Пендеш посочи дека е задоволна од високото ниво на соработка и засилените контакти меѓу двете министерства и двете армии. Меѓусебната отворена поддршка за членство во Алијансата покажува, рече, дека станува збор за две пријателски земји кои имаат искрени намери во изразувањето поддршка за достигнување на стратегиските цели, како евроатлантската интеграција.
Република Македонија и Босна и Херцеговина на полето на одбраната соработуваат од 2006 година кога беше потпишан и Меморандумот за соработка. Во моментов, на Воената академија се школуваат девет питомци од Босна и Херцеговина која е исклучително активна и во меѓународниот проект „Летен кампус“ што се одржува секоја година во Република Македонија.– Горд сум што питомци од Босна и Херцеговина се дел од Воената академија во Скопје, која е високо ценета образовна институција во Репуб

Пронајдете не на следниве мрежи: