Вчера во амфитеатарот на Електро-техничкиот Факултет во Скопје, беа присутни повеќе од 400 студенти кои беа дел од првата трибина на ново избраното раководство на Студентскиот Парламент на УКИМ.Главна и основна цел на оваа трибина беше запознавање на студентите со Студентскиот Парламент и претставување на активностите за академската година 2016-та и 2017-та.
На оваа трибина, главен збор зема претседателот на Студентскиот Парламент на УКИМ, Давор Поповски, кој на својот говор во вид на презентација ги претстави основните залагања на СПУКМ како и проектите кои ќе се имплементираат во следниот период.
Покрај активностите и проектите, беше објавен и конкурсот за Студентски Правобранител како и беа поделени формулари за конкурси за запишување на студенти и активно учество во комисиите на СПУКМ.
Голем акцент беше ставен на борбата за подобар и поквалитетен студентски стандард каде што беа дискутирани и проблемите во студентските домови со оброците на студентите за кои СПУКМ вети превземање на голема иницијатива дека во најбрз можен рок ќе бидат решен и затворен овој проблем.
Покрај тоа, се најавија и конкретни акции и планови за реновирање и опремување на неколку читални.
На оваа трибина, беа претставени проекти како почеток на новата веб-страна (www.spukm.org), преставувањето на новите проекти како Универзијада (во склоп на Информатијада и 40-тиот Медицински Научен Конгрес), враќањето на Македонските Студнетски Игри – МСИ, активирање на универзитетска лига, проектот за студентска картичка, Саемот за вработување и барањата на СПУКМ за можност за платена и бодувана пракса на студентите, намалување на цените за меѓуградскиот превоз, организирање на едукативни предавања и семинари/тренинг обуки за студенти, можностите за стипендии и грантови за студенти, ЕРАЗМУС + програмата како и многу други проекти кои се наведени на нашата веб-страна.
-Ова е само почеток на жестоката борба за подобар студентски стандард и поквалитетно високо образование, наведе претседателот на СПУКМ, Давор Поповски и им се заблагодари на присутните за нивното учество.Главна и основна цел на оваа трибина беше запознавање на студентите со Студентскиот Парламент и претставување на активностите за академската година