Владата започна со конкретна операционализација на еден поширок пакет на мерки, кои значат создавање на услови за обезбедување на повисок квантум на средства кои што би биле насочени кон поддршка кон инвестирање во развој на спортот, информира портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.Веќе во Собранието се доставени измени на законот за игри на среќа и забавни игри со кои што ќе се воведе обврска оболжувалниците да имаат обврска на месечна основа да издвојуваат по 3% од разликата помеѓу вкупните уплати и вкупните исплати кои што се реализираат на сите компјутери во сите нивни уплнтни центри. Додека пак приредувачите на игри на среќа по пат на автомати, ќе имаат обврска на месечна основа да издвојуваат по 1,5% од разликата помеѓу вкупните уплати и вкупните исплати кои што се реализирани на сите автомати во сите нивни деловни центри, средства кои понатаму ќе се искористат за поддршка на спортот.
-Проценките говорат дека на годишно ниво би се обезбедил квантум на средства во висина од 1,5 милион евра средства кои што би биле префрлани на сметка на Агенцијата за млади и спорт, за потоа таа да ги трансферира истите средства до спортските федерации и до Македонскиот олимписки комитет врз основа на изготвен правилник кој што ќе ги препишува сите модалитети на распределба истите овие средства, вели Ѓорѓиев.
Со измените на Законот за игрите на среќа и забавните игри, практично се предвидуваат дополнителни финансиски средства во Буџетот на АМС кој што верувам дека ќе биде сериозна и стабилна поддршка на сите национални спортски федерации и македонскиот олимписки комитет, вели директорот на АМС, Марјан Спасески.
-Овие средства ќе ги добиваат на посебна наменска сметка за да може да се врши дополнителна контрола и вонреден надзор на истите. По завршување на законските процедури следниот чекор е воспоставување на работна група, јавна дискусија и дебата со која што треба да се дефинираат параметрите за распределба на буџетските средства кон националните спортски федерации. Во следните неколку денови планираме одржување на неколку јавни расправи со националните спортски федерации, македонскиот олимписки комитет и спортските клубови кои треба да бидат и крајните корисници на овие средства, вели Спасески.Веќе во Собранието се доставени измени на законот за игри на среќа и забавни игри со кои што ќе се воведе обврска оболжувалниците да имаат обврска
Пронајдете не на следниве мрежи: