Во рок од 8 дена, Кривичниот суд е должен да закаже судење за првите две обвиненија кои по скратена постапка ги поднесе Специјалното јавно обвинителство. „Тие се поднесени во скратена постапка. Рокот на закажување е 8 дена. Судот може тоа веднаш да го закаже, а ние сме подготвени за судење“, рече специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.Во оваа нејзина изјава, експертите препознаваат уште еднаш елементарно непознавање на правото.
-Скратената постапка согласно новиот закон за Кривична постапка спаѓа во таканаречени забрзани постапки и се однесува само на кривични дела за кои како главна казна е предвидена парична казна или казна затвор до 5 години. Од тие причини, за ваквите дела не е предвидено водење на истражна постапка, туку врз основа на цврсти факти и докази судот треба да одлучи и да донесе пресуда во краток временски период. Од овие причини новиот ЗКП во членовите предвидел „обврска на судот да го испита обвинението“, да го отфрли или да го прифати. Јавниот обвинител во таков случај треба да има сериозни докази кои даваат повеќе од разумно сомнение за сторено кривично дело. Во случај на сериозни докази, судот не би требало да има потешкотии во утврдувањето на одговорноста со долго траење на постапката. Доколку судот не го отфрли обвинението, треба да закаже главна расправа. Со закажување на рочиште, законот не предвидел рок, туку судот по свое наоѓање во разумен рок треба да го испита обвинителниот предлог дали е основан или не е, вели професорот Александар Климовски во изјава за ТВ Нова.
За Климовски е отворено прашањето „Дали СЈО е надлежно за овие дела“.
-Ако е кривично дело насилство, сите протести на Шарената револуција поттикнати од одредени опозициски центри се насилство. Врз сите нас 2 години се врши насилство во континуитет, со фарбање и кршење на јавни објекти. Граѓаните чувствуваат страв и загриженост. Дури имаше закани, уцени и повици за крвопролевање. Според мене ваквиот начин на поведување постапки од страна на СЈО е срам за тоа обвинителство, вели Климовски за ТВ Нова.Во оваа нејзина изјава, експертите препознаваат уште еднаш елементарно непознавање на правото.
-Скратената постапка согласно новиот закон з