Продолжува затоплувањето на односите помеѓу Атина и Скопје. Првата билатерална средба на Претседателите на Парламентите на Македонија и на Грција, Трајко Вељаноски и Николаос Вуцис во рамките на Европската конференција на претседатели на парламенти во Стразбур, покажува дека нешто се менува во грчкото одбивање на комуникација со македонските институции.Токму ваквите средби се позитивен пример и поттик за идно продлабочување на соработката и натамошно подобрување на вкупните односи меѓу двете држави, заклучиле спикерите на средбата.
Како земји кои негуваат исти вредности, имаат иста традиција, иста култура и иста вероисповест, односно имаат многу претпоставки за да бидат најблиски пријатели и соседи, Вељановски истакнал дека политичарите треба да се посветат на изнаоѓање на начини како да се сопре спиралата на емитирање на неповолни вести, да се промовираат позитивни примери на соработка во секојдневниот живот помеѓу граѓаните и да се најдат начини на кои ќе се манифестира соработката на полиња за кои има заеднички интерес.
Вуцис го потенцирал помирување на Франција и Германија како пример што треба да го следат Македонија и Грција, пример кој покажа дека со заедничка соработка и искрени намери може да се надминат сите пречки за успешна заедничка иднина меѓу државите за доброто на нивните граѓани.
Тој посочил дека Грција работи на градење на довербата и активно е вклучена на подобрување на билатералните односи за идна позитивна соработка.
За спорот за името, грчкиот спикер се надева на скорешно решение во рамките на меѓународното посредништвото, а во меѓувреме треба да се гледа големата слика и да се работи на продлабочување на постоечата соработка на полињата од взаемен интерес, инвестициите и економската и бизнис соработка за поефикасна искористеност на фондовите.
Првиот човек на грчкиот парламент смета дела поголемите членки на Унијата се на став дека Балканот треба да е маргинализиран и да не е на исто економско ниво со остатокот од Унијата. Затоа Грција би сакала што поскора евроинтеграција на сите земји од Балканот. Тоа би го зајакнало регионот во целина, а би ја подобрила и позицијата на Република Грција, рекол Вуцис.
Вељановски, пак повика по примерот на македонското Собрание и во грчкиот Парламент да се воспостави група за соработка со нашиот Парламент. Оттаму спикерот на Собранието упати покана до претседателот Вуцис да биде негов гостин и официјално да ја посети Република Македонија, како и до грчките парламентарци.
По средбите на премиерите, официјалната посета на шефот на дипломатијата Никос Коѕијас на Македонија, возвратната посета на Попоски на Атина, нивните зачестени средби и ефикасниот договор за градење доверба, единствено претседателот на грчката држава одбива контакти со Претседателот Иванов и покрај неколкуте упатени покани за средби во кое било време и на кое било место.Токму ваквите средби се позитивен пример и поттик за идно продлабочување на соработката и натамошно подобрување на вкупните односи меѓу двете држав