Дури и соросовите активисти почнаа да ги препознаваат двојните аршини кои ги спроведува Специјалното јавно обвинителство под палка на Катица Јанева.Владимир Петрески, новинар и уредник на соросовиот Сервис за проверка на факти во медиумите, по денешната прес-конференција на СЈО на која беше информирано дека до Основниот суд Скопје 1 поднесени се два обвинителни предлога, од кои вториот се однесува за случајот со протестите пред Општина Центар каде група граѓани и МПЦ протестираа против стопирање на изградбата на црквата, пишува дека “уште утре ОЈО на Зврлевски како одмазда може да поднесе куп обвинителни акти врз учесниците на Шарената револуција“.
-А чув дека еден од обвинителните акти се однесува на извршителите и нарачателите на насилството во Општина Центар, веднаш се сепнав и ми текна дека уште утре ОЈО на Зврлевски како одмазда може да поднесе куп обвинителни акти врз учесниците на Шарената револуција, а ништо чудно и да изнисли и “организатори” и “поттикнувачи”. па и врз нива да поднесе обвиненија. И онака веќе има кривични пријави, пишува Петрески.Владимир Петрески, новинар и уредник на соросовиот Сервис за проверка на факти во