Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 27 до 34 степени.
Во Скопје слично, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 31 степен.
УВ-индексот ќе има вредност 7.
Во понеделник ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот ќе има локален дожд.
Значителна промена на времето се очекува од вторник па се до крајот на наредната работна седмица, кога Македонија ќе подпадне под влијание на влажни бранови од Медитеранот кои ќе предизвикаат поголема количина на воден талог, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
На повеќе места во вторник и среда процесите ќе бидат интензивни проследени со обилни врнежи од дожд и во форма на невреме. Не е исклучена и појава на грмежи.
Поради зголемената облачност и северното воздушно струење, температурата на воздухот значително ќе опадне.
Од УХМР препорачуваат поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, како и да се превземат соодветни активности за заштита од поплави.Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 27 до 34 степени.
Во Скопје слично, сончево и топло со мала до умерена обла