Нов водовод за 6 села во Македонски Брод, санација на мостови и чистење на каналската мрежа во крушевско, нови спортски сали во Долнени беа меѓудругото точките разгледувани на вчерашниот тематски стостанок на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со ресорните министри и градоначалници на кој се разгледуваа барањата на граѓаните од посетите на терен.Ќе се гради водоводна мрежа во 6 села во Македонски брод. Министерството за транспорт и врски изработува проект за водовод од село Сушица,до село Зркле, а поминува низ селата Могилец, Горни и Долни Манастирец. Ќе се изработи проект по што ќе се распише тендер.
Освен во Валандово, и во Долнени и во Јосифово наредната година ќе почне градба на училишна спортска сала.
Договорена е конзервација и реставрирање на мостот во Бучин кој преставува остаток од римскиот период и преставува значајно културно блато.
Министерката за култура Елизабета Канчевска најави целосна реставрација на мостот и со тоа ќе се оствари долгогодишното барање за негова заштита.
За чистење на каналите во крушевското село Бучин ќе се додели нафта, а чистењето ќе се одвива во наредниот период, со што ќе се острани заканата за преплавување на постоечката каналска мрежа.
Ќе се гради водоводна мрежа во 6 села во Македонски брод. Министерството за транспорт и врс