Фото: Опозицискиот портал „А1 Он“ тесно поврзан со општина Центар

До редакциите на повеќе медиуми, денес пристигна соопштение од медиумот А1 Он со известување за реализирани активности во општина Центар.-Ова само по себе претставува директен доказ за тесната поврзаност што постои помеѓу овој информативен портал, наследник на некогашната А1 телевизија и општинската администрација во Центар. Имено, на јавноста веќе и е јасна ваквата тесна поврзаност, особено ако се земе во предвид дека меѓу првите новинари што работеа за порталот А1 Он беше и Катерина Цаневска, некогашна уредничка и новинарка од А1 телевизија, а сегашен портпарол на општината Центар. Имено Цаневска го доби вработувањето во општината откако Андреј Жерновски ја доби градоначалничката функција, пишува порталот Нетпрес.
Оттука, со тоа што денешната информација беше проследена од страна на имеил адресата на порталот, а не од официјалната имеил адреса на општината или пак на портпаролот, станува јасно дека лицето што ја упатило пораката до медиумите има истовремено пристап и до имеил адресата на А1 Он.

На веб страницата на Медиа Педиа, портпаролката на општината Цаневска се споменува како новинар што привремено работел во порталот, а ја нема меѓу сегашните вработени.
За „А1 он“ работеше и поранешната уредничка и новинарка од А1 телевизија Катерина Цаневска, која подоцна стана портпарол на Андреј Жерновски, градоначалник на општина Центар. Веб порталот достигна високо ниво на посетеност откако почна со работа, а располага и со сопствена видео продукција.
А1 Он се финансира од Институтот Отворено Општество Македонија. За 2013 година, според јавно објавените податоци на Сорос, овој портал има добиено 49.706 евра, стои на Медиа Педиа.
Се на се, по денешното соопштение уште погласно се поставува прашањето: Дали А1 Он, кој тежи кон тоа да се прокламира како независен медиум, всушност работи во служба на општина Центар и сегашните власти, пишува Нетпрес.-Ова само по себе претставува директен доказ за тесната поврзаност што постои помеѓу овој и

Пронајдете не на следниве мрежи: