Привремената комисија за следење на медиумското претставување денеска на пладне ќе продолжи со разговорите чија цел е да се избере петти член на комисијата.Рокот за избор на петтиот член, кој согласно политичкиот договор треба да е етнички Албанец, истече минатата недела. Десетина новинари и професори се кандидираа за оваа позиција, а кандидатот Даут Даути вчера информираше дека тој ја повлекува својата номинација.
– Бидејќи пат-позицијата е поради самото персонално решение кој ќе го води ад-хок телото, а јас сум еден од двајцата сега веќе спорни кандидатури, ве молам мојата кандидатура да ја сметате како непостоечка со цел таа да не стане пречка за комплетирање на ад-хок телото, како и да не го задржи во заложништво целиот политички процес и да биде пречка за носење одлука за одржување на договорени предвремени избори, информираше Даути.
Петтиот член на Комисијата треба да биде избран со консензус. Љубомир Костовски, член на Комисијата предложен од страна на партијата СДСМ, изјави дека за него единствен прифатлив кандидат е Сефер Тахири од Советот за етика во медиумите во Македонија. И партијата СДСМ ја повика Комисијата да го именува Тахири за петти член.Рокот за избор на петтиот член, кој согласно политичкиот договор треба да е етнички Албанец, истече минатата недела. Десетина новинари и професори