Еве кои се експертите на СЈО: Колку обвинителите се независни од СДСМ?

Од 118 па се до 130.000 денари ги чини секој од обвинителите во Специјалното јавно обвинителство граѓаните на Република Македонија. Најголемата плата, очекувано ја зема Катица Јанева, која во бруто-износ надминува 130.000 денари. Најслабо платени се Ленче Ристовска и Ајро Артан, кои земаат по нешто над 118.000 денари, пишува Република.Покрај ова, 4 обвинители добиваат и месечен надоместок за користење на стан.
 
Покрај овие пари, обвинителите добиваат и месечни бонуси, но колкав е нивниот износ во СЈО велат дека е доверлива информација.
По два месеци чекање, Сител во согласност со законот за слободен пристап до информации од јавен карактер конечно ја доби листата правни експерти ангажирани од специјалното обвинителство. За нив и нивните ставови граѓаните плаќаат по речиси 200.000 денари месечно. Заеднички именител за сите се СОРОС и СДСМ.
Експертскиот став за работата на Специјалното јавно обвинителство чини околу 500 евра месечно. Толку Катица Јанева им плаќа на 8 правни експерти за да ги бранат нејзините ставови во јавноста.
 
Советите на професорот по уставно право, Светомир Шкариќ месечно граѓаните ги чинат 30.000 денари. Ако до пред две години, ретко можевте да го видите на телевизија, денеска речи си и да нема ден, а тој да не се појави на екранот. Темата иста. Зборовите предвидливи. Платата 500 евра месечно.
 
За Александар Тортевски неговите колеги велат дека откако добил ангажман во СЈО, почесто можете да го видите на телевизија отколку во судница. Угледниот адвокат не чини нешто поевтино од Шкариќ. Неговата канцеларија месечно од СЈО добива 20.000 денари. Сумите различни, ангажманот идентичен.
 
Како активист на Левица продава скромност, но своите професионални услуги нескромно ги наплатува. И професорот Димитар Апасиев е на платниот список на СОРОС. Граѓаните месечно му плаќаат 30.000 денари. Чини поскапо од Тортевски но за тие пари има и повеќе работа. Освен јавните настапи по телевизиите каде има задача да ги брани позициите на СЈО, за 30.000 денари, Апасиев мораше да се појавува и на протестите на Шарената револуција.
 
30.000 денари го премислија професорот Гордан Калајџиев. Ако првично мислеше дека Јанева нема да успее бидејќи нема капацитет, сега тој нема проблем за 500 евра месечно жестоко да ги брани нејзините ставови и недостатокот на специјалната обвинителка да го дополнува со сопствена експертиза. Можете редовно да го читате во медиумите на СДСМ и СОРОС, а до пред некое време и да го гледате по улиците. Овој потег со фрлање на боја му зеде само 10% од месечниот хонорар. 50 евра се ништо кога месечно, за овие услуги добивате 500.
 
Младата адвокатка Сузана Јошевска е релативно непозната за македонската јавност. Ако не сте биле дел од соросовите организации на млади правници и млади европски федералисти, и ако не сте го забележале нејзиниот ангажман поврзан со бранење на ставовите на Специјалното обвинителство, тогаш веројатно сега се запознавате со овој експерт на кој граѓаните му плаќаат 20.000 денари месечно од сметката на СЈО. За тие пари, нема протести со шарената револуција, но има редовни гостувања, изјави и колумни во медиумите под контрола на опозицијата.
Коста Петровски е експерт од старата школа. Во својата биографија има дебело обвинителско искуство, а бил и член на Советот на јавни обвинители. Во споредба со неговите колеги експерти на СЈО, Петровски не е толку активен. Може да се забележи по некоја спорадична изјава во одбрана на Катица Јанева. Затоа, месечно за него се двојат по 20.000 денари.
 
Албанскиот експертски тим во СЈО го сочинуваат екс заменик-министерот за правосудство и управа Бардуљ Кука и поранешниот судија во врховниот суд Абдулаќим Салиу. Двајцата не сакаат да се појавуваат во медиумите, а освен нивните функции, пребаруваето на интернет не дава кој знае какви резултати. Кука може да најде како преведувач во некој од проектите на СОРОС под менторство на Маргарита Цаца Николовска, додека за Салиу, Гугл не знае ништо.

Во одговорот кој во согласност со законот за слободен пристап до информации од Јавен карактер СЈО го достави до Сител стои дека за договорни услуги, Јанева плаќа над 1,3 милиони евра годишно. Ако се има предвид дека овие експерти земаат близу три и пол илјади евра месечно, се поставува прашањето, каде одат останатите пари. Сител побарал одговор од Јанева, а согласносо праксата на обвинителството, го очекува најрано за 30 дена.Покрај ова, 4 обвинители добиваат и месечен надоместок за користење на стан.
 

Пронајдете не на следниве мрежи: