СЈО се засилува со новинари

Се најдоа ли Нора Шакири,Огнен Јанески и Панта Џамбазовски на платниот список на СЈО? Обвинителството со кое раководи Катица Јанева веќе два дена молчи за тоа дали граѓанските активисти и едни од најжестоките критичари на власта при јавните настапи и на социјалните мрежи Шакири и Јанески, како и новинарот Џамбазовски се вработиле во Специјалното јавно обвинителство, анализира ТВ Нова.СЈО не одговара дали се вистинити информациите кои се појавија во јавноста дека од неодамна Шакири, Јанески и Џамбазовски се дел од оваа институција и ќе бидат во делот за односи со јавност. На колкав период се ангажирани? Колку го чини СЈО односно граѓаните нивниот ангажман? И по кој критериум се одбрани? Како во обвинителството одлучија дека тие се најпогодни? Се обидовме да стапиме во контакт и со нив, но не одговараа на телефонските повици и пораки. Непотврдени информации од ова обвинителство говорат дека Шакири и Јанески веќе неколку дена се појавувале во СЈО.
Изминатиов период Јаневски и Шакири повеќе пати јавно жестоко дури и на масовни собири ја критикуваа власта.
СЈО беше на мета на јавноста и поради пишувањата на повеќе медиуми за вработувања на роднини на повеќе обвинители колеги на Катица Јанева. Како и на повеќе експерти кои се јавуваа со заштитнички ставови кон специјалното јавно обвинителство.
Прилогот на ТВ Нова погледнете го во продолжениеСЈО не одговара дали се вистинити информациите кои се појавија во јавноста дека од неодамна Шакири, Јанески и Џамбазовски се дел од оваа институциј

Пронајдете не на следниве мрежи: