Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денес оствари средба со својот австриски колега, министерот за труд, социјални прашања и заштита и потрошувачи, Алојз Штогер. На средбата двајцата министри разговараа за досегашната примена на Меморандумот за соработка кој го имаат склучено двете земји со цел поттикнување на добрите односи и билатералната соработка во делот на трудот и социјалната политика.На работниот состанок беше константирано дека заедничката соработка е на високо ниво при што се реализирани многу активности изминатите две години како семинари, обуки, експертски средби и работилници на повеќе теми. Овие активности, според министрите Спасов и Штогер ќе се интензивираат наредната година. Една од темите на разговор беа и активните мерки и политики на пазарот на труд за вработување на млади лица кои се спроведуваат во двете земји при што Спасов истакна дека во Република Македонија се спроведуваат низа мерки кои допринесуваат за намалување со младинската невработеност.Спасов ги презентираше постигнатите резултати.
Користењето на искуствата од системот за долгорочна грижа и социјалните сервиси за стари лица, лица со попреченост, социјално исклучени лица во Република Австрија ќе биде нова компонента на која двете министерства ќе соработуваат во наредниот период.
Во рамки на оваа посета, министерот Спасов заедно со извршниот директор на Европскиот центар за социјални политики и истражување при ООН, Каи Лајсенринг го потпиша Писмото за намера со чие потпишување се предвидува подобра соработка во делот на вработувањето, социјална политика и отпочнување заеднички проекти како и размена на соработници и помош при изготвување на стратешки документи.На работниот состанок беше константирано дека заедничката соработка е на високо ниво при што се реализирани многу активности изминатите две години