Мерките за градење доверба се уште еден доказ дека Грција и Македонија можат да живеат и да разговараат во хармонија, во една средина која не е особено стабилна, изјави грчкиот заменик министер за надворешни работи Никос Ксидакис, задолжен за европски прашања.Во интервју за весникот „Агора“, тој рече дека се работи за „меѓусебна добра волја“.
Сепак, во согласност со официјалната грчка политика, Ксидакис не пропушти да каже дека дека „е време (Македонија) да се откаже од ултранационалистичкиот екстремизам, идеолошката злоупотреба на историјата и иредентистички ексцеси кои не им прават услуга на народите и речиси секогаш се за домашна употреба“.
Во врска со бегалската криза, тој изјави дека двете земји, билатерлано, имаат добра соработка во решавањето на кризата, додавајќи дека „пред да се изгради бодликавата ограда, меѓу Грција и Македонија немало тензии во врска со бегалците“.
Ксидакис на крајот нагласува дека целта секогаш е разликите да се решаваат, за двете земји да се движат кон иднина во пријателство и меѓусебно разбирање.Во интервју за весникот „Агора“, тој рече дека се работи за „меѓусебна добра во