четврток, 12 ноември 2026
Најново

УХМР: Циклонот може да донесе нова БУРА

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Циклонот кој доаѓа од Медитеранот може да донесе ново невреме, предупредуваат од УХМР.Денеска попладне нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажна и постудена воздушна маса од северозапад, како и висински циклон, што ќе предизвика во текот на работната недела времето да биде променливо, во некои денови и претежно облачно, свежо и ветровито.
Денеска попладне ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, со интензивен пороен дожд силни електрични празнења и силен ветер.
Потоа, во следните денови ќе има повторно обилни врнежи од дожд наместа проследени со ретки грмежи и со засилен северен ветер.
На повеќе места врнежите ќе бидат обилни.
Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Температурите ќе се движат од 24 до 35 степени.
Во Скопје температурата ќе се искачи до 29 степен.Денеска попладне нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажна и постудена воздушна маса од

Поврзани вести