Ладнокрвност, стручност, притаеност – еден куршум една мета. Само оној кој сето ова го поминува знае колкава е количината на стресот, бидејќи во нивната работа нема реприза и секоја грешка скапо се плаќа.По еден ден поминат на стрелиште со снајперист на елитната единица на полиција Тигри, сфаќате дека овде не се работи само за „професија“ овие луѓе ја ставаат главата таму каде што другите не би ставиле ниту прст. Тигрите се ударна тупаница во екстремни ситуации, ги одликува исклучителна стабилност во околности кога секој друг би подлегнал на страв или паника. Тешките ситуации во кои дејствуваат ги челичат, сложената и комплексна обука која трае колку и стажот во единицата им е адреналинска храна. Секој припадник на Тигар има специјалност во која е најдобар, пренесува телевизија Алфа.
Покрај редовните активности и редовната обука што се посетува, снајперистичка обука е една од специјалистичките обуки како што е алпинизмот и нуркањето така и снајперизмот е специјалност во ЕСЗ. За да се работи како снајперист во ЕСЗ претходни треба да бидете комплетни – физички, психички истрајни, доследни и треба да ја сакате работата – вели снајперистот на ЕСЗ Тигар.
За сопствените професионални достигнувања Тигрите не зборуваат никаде, во нашата работа нема фалби и сензации вели нашиот соговорник. Во приватниот живот никогаш не може ниту да помислите со што се занимаваат, но кога се во униформа и на задача тие се беспрекорно ефикасни. Снајперистите од Тигар, приматот меѓу првите 5 најдобри стрелци во светот го држат повеќе од десет години.
Знаат да ги користат сите видови оружје. Тие се тупаница на законот во критични ситуации. Да си дел од ЕБР е гордост, не се штитиме кога е во прашање сигурноста и стабилноста, на земјата. Но, оваа работа е и голема одговорност, вели припадникот на ЕБР, кој својата вештина како еден од најдобрите стрелци во државата не ни ја кажа со зборови туку ни ја покажа со „тавор“ на стрелиштето во базата.
Бројните златни медали, плакети и пофалници како најдобри стрелци во државата, ги красат и припадниците на посебниот состав на полицијата за поддршка ПЕП. Тие се дел од обичната полиција, но нивната обука и начин на работа се разликува од редовниот полициски состав. Својата стрелачка вештина ја демонстрираа пред камерата на Алфа. Полицаецот на ПЕП ни објасни добриот стрелец не го одликува само храброст туку и смиреност кога треба да се дејствува.
Целиот прилог погледнете го на следниот ЛИНКПо еден ден поминат на стрелиште со снајперист на елитната единица на полиција Тигри, сфаќате дека овде не се работи само за „професија&ldquo



