Синоќа во Кичево имаше краткотраен пороен дожд кој на магистралниот пат Кичево – Охрид на местото викано „кај Млинот“ предизвика собирање на вода на места и до висина од половина метар, информираат од Дирекција за заштита и спасување.По брзата интервенција на полицијата која го преусмеруваше сообраќајот кон споредните улици и Дирекцијата за заштита и спасување заедно со припадниците на противпожарната единица кои со помош на пумпа ја исцрпија водата, во многу краток период патниот правец беше оспособен за сообраќај.
Според подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување поројниот дожд не предизвика штети на други објекти освен на две возила кои беа заглавени во водата, а беа бргу извлечени. Сега е во тек отстранувањето на насобраната кал на тој дел од сообраќајницата.
Дирекцијата за заштита и спасување преку вработените во Подрачните одделенија ја следи ситуацијата на терен и ако има потреба ќе активира дополнителни сили и механизација за справување со настанатите ситуации.По брзата интервенција на полицијата која го преусмеруваше сообраќајот кон споредните улици и Дирекцијата за заштита и спасување заедно со припадни