Луксузниот џип во кој се возеше Шеќеринска уништен на грчката граница

 Заменик претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска утрово имаше сообраќајна несреќа Заменик претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска учествувала во сообраќајна несреќа утрово   на автопатот кон Гевгелиja.

Според информациите, џипот Митсубиши Пајеро кој го управувал таткото на Шеќеринска 68 годишниот А.Ш., а во кој покрај заменичката на Заев се превезувала и нејзината мајка се судрил со автомобил Шевролет Авео со гевгелиски регистарски таблички управуван од 29 годишната Б.Т. која по несреќата се пожалила на повреди и била префрлена во болница.
 Информацијата ја потврди и портпаролот на СДСМ Петре Шилегов кој рече дека Шеќеринска и нејзиното семејство патувале кон Гевгелија и за среќа поминале без повреди. Тој додаде дека на автопатот кој во моментов се реконструира, девојка која работела во казината претекнувала непрописно, удрила во заштитаната ограда и се одбила по што странично удрила во џипот во кој биле Шеќеринска и нејзиното семејство.
 
Да потсетиме, заменик претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска во изјава за медиумите потенцираше дека не само што не поседува џип, туку и не се вози во џип. Таа ги покани новинарите ако сакаат да ги повози до штабот на СДСМ, па да се уверат во тоа каков автомобил има.
Сепак,  на овие фотографии се гледа баш спротивното.
фото: Puls24 Заменик претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска учествувала во сообраќајна несреќа утрово   на автопатот кон Гевгелиja.

Пронајдете не на следниве мрежи: