Поврзаноста помеѓу СДСМ и Специјалното јавно обвинителство станува повеќе од очигледна. По три часа распит во СЈО, градоначалникот на Општина Центар не сакаше да открие детали за сведочењето за инцидентите во општината во јуни 2013-та бидејќи процесот е во предистражна постапка, но најави дека тој повторно ќе биде повикан како сведок за случај кој Катица Јанева сѐ уште го нема обелоденето во јавноста.Тајноста на предистражната постапка во овој случај очигледно не е пречка функционери на опозицијата однапред да ги знаат предметите на Спцеијалното обвинителство пред истите да бидат јавно објавени.
И покрај материјалите кои ги презентираше СДСМ за наводна пресметка која се планира со градоначалникот на општина Центар, Жерновски попладнево призна дека тој никогаш не бил физички нападнат.
Граѓанските протести кои се случија на 07 јуни 2013-та пред општина Центар беа резултат на измените на новиот урбанистички план за централното градско подрачје со кои Жерновски имаше намера да ја урне црквата Св. Константин и Елена.Тајноста на предистражната постапка во овој случај очигледно не е пречка функционери на опозицијата однапред да ги знаат предметите на Спцеијалното