Патот во Виниче што беше оштетен при саботните поплави е саниран и тампониран. За ова беше информиран лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој денеска го посети ова село за да се запознае со ситуацијата на терен.Жителите на Виниче се задоволни од динамиката на помошта за санирање на штетите од поплавите и побараа да им се обезбеди еден гасеничар за санација на патот до локалниот водовод.
Како што го информираа Груевски, вработени во водоводот утринава се обиделе да стигнат до каптажата за да ја хлорираат водата, но планинскиот пат кој го користат бил целосно уништен на неколку места. Затоа им е неопходна тешка механизација за да се санира состојбата и водата навремено да се хлорира.
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски вети дека во текот на утрешниот ден ќе биде испратена соодветна машина за да се санира патот и да може непречено да се хлорира водата во Виниче.Жителите на Виниче се задоволни од динамиката на помошта за санирање на штетите од поплавите и побараа да им се обезбеди еден гасеничар за санација