Тринаесет комисии на Министерството за земјоделство за проценка на штетите во поплавите региони во Скопје и во Тетово веќе работат на терен. Првичните податоци покажуваат дека на поголемиот дел од нивите зафатени со невремето има 100 процентно оштетување.Вкупно 13 комисии на Министерството за земјоделство, 7 во скопскиот и 4 во тетовскиот регион веќе вршат проценки за штети на земјоделските површини и кај добитокот.
Комисиите со помош на месното население ги посетуваат земјоделските стопанства од нива до нива, и вршат проценки во текот на целиот ден, додека дозволуваат временските услови, а ќе работат и за време на викендите.
Земјоделците можат и самостојно да поднесат барање за проценка во подрачната единица на Министерството.
Од досегашниот увид, најголемиот дел од штетите се 100 проценти.
Обештетувањето во земјоделството ќе се врши преку платежната Агенција.
Според земјоделскиот регистер во скопскиот регион од кој дел беше погоден со невремето, со оваа дејност вкупно се занимаваат повеќе од 2.000 евидентирани земјоделци кои одгледуваат 5.000 глави крупен и ситен добиток.Вкупно 13 комисии на Министерството за земјоделство, 7 во скопскиот и 4 во тетовскиот регион веќе вршат проценки за штети на земјоделските површини